Достапни линкови

Скопјани го поздравуваат законот за јавна чистота, ама очекуваат скромни резултати


Македонските граѓани се дават во отпад. Депониите се преполни, хартија и пластика има насекаде. Речиси и да нема улица во Скопје која нема дупки, ако коловозот е во ред, тогаш тротоарите се раскопани, ивиците пак воопшто не постојат. Од ветувањата на таткото на градот дека од Скопје ќе направи вистинска европска метропола остана само убавите зборови. Сликата, и мислењето на граѓаните говорат сосема нешто друго.

„Кататсрофа, дупки, вода по улиците, страшно.“

„Дупките по сообраќајниците се страшни, ни се случило и гума да ни се дупне.“

„Катастрофа, ништо не се презема.“



Пората кон Европа се отвара од нашите атари, хигиена е чистота на духот, навиките, законот и способноста да се водат урбаните средини. Ако не го исчистите својот двор не помислувајте на туѓите:

„По тие локални патишта по кои возам со велосипедот, насекаде има смет. Не е можно влегувањето во Европа без да ги решиме овие елементарни нешта.“

„Имаме валкан град, нерешена инфраструктура, проблеми со водата.“


Рекоа универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски, и новинарот на „Вест“ Маја Пачемска. Лошата слика на градот ја надополнува и хаосот кој секојдневно го предизвикуваат запрежните возила низ центарот на градот. Се движат кога сакаат и каде сакаат без притоа некој да ги казни:

„Ако јас не го остранам и десет казни да му пишат, ефектот е нула. Градот е надлежен кој што мора да донесе решение.“

кажа Александар Бошковиќ, главен комунален инспектор на град Скопје.
Соговорниците со кои Слободна Европа разговараше го поздравуваат владиниот предлог кој предвидува казни за оние ја загадуваат животната средина. Но во истовреме, се сомневаат во искрените намери на надлежните. Данило Коцевски, хроничар и колумнистот Нинослав Ивановски велат дека тешко ќе се врати сликата од старо Скопје:

„Често пати се гради во духот на ,,кичот“. Објекти што немаат никаква врска со духот и со традицијата на Скопје.“

„Јас веќе не го препознавам својот град, од еден културошки или еден емотивен аспект. За жал во градот не само скопскиот градоначалник, туку и другите градоначалници како да се ,,тркаат“ да направат што по неубав аспект од овој град.“
XS
SM
MD
LG