Достапни линкови

Помалку странски инвестиции и економски развој


Премеирот Груевски во експозето и во говорот на Пелинице најави дека е можно Грција да ги блокира нашите евроатлански интеграции на подолг рок а и во тој случај како што рече тие ќе продолжат да работат на реформите и на подобрувањето на економската ситуација. Ако процесите во преговорите за името и ставовите на двете страни продолжат да се развиваат во истиот правец тогаш е извесно дека може да се случи и такво сценарио вели аналитичарот Алберт Муслиу.
Toj вели дека во изјавите на премиерот препознава само најава за редефинирирање на државните приоритети односно целите кон кои што се стреми држава влезот во Европската Унија и НАТО:

„Јас не сум видел поконкретни индикации кои укажуваат на тоа дека Македонија се преусмерува во друг правец, јас не гледам ниту друг можен правец.“

Муслиу додава дека со овие последни најави всушност се подготвуват граганите за состојба во која државата може да мирува во процесот на приближување кон евроатланските структури:

„Ќе бидеме не исклучени, не отфрлени, но ќе бидеме во статус кво, во кој ние би работеле на реформите на внатрешен план.“

Каква ке биде состојбата во земјава пак доколку целиот регион напредува и се интегрира а само Македонија остане во неизвесснот. Муслиу вели

„Сигурно ќе има голем притисок врз Македонија. Македонија ќе остане надвор од тие движења, надвор од пред пристапните фондови, па полноправните членки имаат пристап до инвестициони фондови, значи негативен ефект врз општеството и економијата.“

Што се однесува до економијата и ветувањата на премиерот за подобрување универзитетскиот професор Ванчо Узунов вели дека напредок може да има но тој би бил многу забавен

„Поспото ќе се напредува, помалку странски инвестиции ќе доаѓаат, сеуште ќе има заобиколување на земјата, и странците ќе се прашуваат зошто оваа земја не е? Мора да гледате низ очите на странците.“

вели Узунов и додава дека таквата состојба ке ја почуствуваат и домашните стопанственици кои ке го немат пристапот до пазарите и фондовите кој што го имаат нивните колеги од земјите членки на Унијата и НАТО.
XS
SM
MD
LG