Во протестните ноти од Хрватска и Словенија се бара повлекување на измените во Уредбата која предвидува одземање на правото на сопствеништво на компаниите од Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина врз земјиштето кое било во нивна сопственост, но е национализирано. Експертот за странски инвестции Милан Ковачевиќ објаснува:
„Бидејќи ние на дел од претријатијата од Хрватска, Словенија итн. им дозволивме тука да се осамостојат и да функционираат, па некои од тие претпријатија успеаа и недвижноста да ја запишат како своја. Во меѓувреме би требало ние да го поделиме имотот и да ги решиме имотните односи со соседните земји, што за жал сеуште го немаме направено. И сега за да го сопреме влезот во имотните права, носиме некоја уредба која има таков наслов.“
смета експертот Ковачевиќ. Јуриј Бајец пак од Економскиот институт во Белград вели дека постои голема разлика меѓу Словенија и Србија, бидејќи таму градежното земјиште е приватизирано, додека во Србија тоа сеуште е во сопственост на државата:
„Претпоставувам дека владата овдека, на ниту еден начин несака да направи нешто што би ја пореметило досегашната ситуација на тоа подрачје, во кое ние имаме разни побарувачки во Словенија, а тие имаат овдека и тоа се развлекува...“
Но, експертот Милан Ковачевиќ вели дека кога е во прашање имотната сопственост, Србија и земјите од соседството имаат сосема спротивни интереси:
„Нашите интереси се од правата на претпријатијата кои се создале овде и од претпријатијата кои имале седиште на друго место, да зачуваме што е можно повеќе во наша сопственост. Додека нивните интереси се обратни, тоа да го добијат.“
смета Ковачевиќ. Новата српска влада соопшти дека не е доволно запознаена со дополнувањата на Уредбата, донесена од техничката влада на Коштуница, и најави дека наскоро ќе ја разгледа.