Достапни линкови

Малку работни места и ниска плата


Летните одмори месецов веќе започнаа, но многумина студенти од Узбекистан и Таџикистан имаат малку време за одмор. Тие мораат да бараат вработување за да можат да го платат школувањето и животните трошоци за следната академска година. Но, при обидот за вработување, студентите се соочуваат со сознанието дека работните места во земјата се дефицитарни, а платата е многу ниска.

Студентот Сохибјор што туку ја заврши испитната сесија на Националниот Универзитет во Душанбе, но нема планови за летен одмор. Ќе му се придружи на неговиот брат кој изведува градежнички работи во Русија, иако повеќе би сакал да остане дома во Таџикистан:

,,Што туку завршив со полагањето испити и ќе одам за Русија да најдам работа, бидејќи морам да заработам пари за да ја платам школарината и животните трошоци за следната година. Исто така морам да им дадам пари и на моите родители. Заминувам во потрага по работа во Русија, бидејќи во Таџикистан е невозможно да пронајдам вработување и да заработам онолку колку што ми е потребно.“

вели Сохибјор. Многу стиденти од Таџикистан, како и од соседните Узбекистан и Киргистан им се придружуваат на работниците кои мигрирале по вработување во Русија и Казахстан за време на летните одмори. Понекогаш, неможејќи да пронајдат сезонска работа во Русија за време на летото, остануваат и во септември и октомври пропуштајќи го првите месеци од студиите. Узбекистанските власти воведоа т.н. младинско социјално движење ,,Камолот„ кое има за цел финансика и социјална подршка за младите луѓе. Здружението работи како подршка на студените за пронаоѓање на сезонско вработување за време на одморите. Бекзод Мамадулов од здружението вели дека оваа година очекуваат околу 20 илјади студенти да се приклучат кон програмата:

„Членовите на студентското движење можат да работат на градежни проекти, на пример на изградба на патишта, железнички пруги, училишта... Можат исто така да работат и во областа на здравството. Некои пак работат како фризери или чевлари. Се обидуваме да пронајдеме вредни и талентирани студенти.“

истакнува Мамадулов кој додава дека месечната заработувачка достигнува до 250 долари. Но, наспроти ветувањата од здружението некои студенти изразуваат разочарување од вработувањето преку Камолот здруженито. Заработувачката била многу мала, а работата многу потешка од она што било соопштено. Но, сепак и покрај се во земја во која минималната месечна заработувачка изнесува околу 13 долари, а невработеноста е огромна, не изненадува тоа што на студените не им пречат тешки услови за работа.
XS
SM
MD
LG