Достапни линкови

Не очекувам негативен развој на односите со Србија, вели професор Димитар Мирчев


Поаѓајќи од гледиштето дека конституирањето на новата српска влада не претставува никаква промена на државните проритети на таа земја, професорот Билјана Ванковска вели дека не гледа нов момент во односите меѓу Македонија и Србија и повтори дека остнува отврено пршањето како Србија ќе се однесува кон прашањето на Косово. Според неа, партнерите кои коалицираат во новата српска влада се едиснтвени во ставот дека Србија мора со сите легитимни средства да си ги заштитува своите интереси, кон Косово. Во таа смисла во контекст на размислувањта како Србија би се однесувала кон Македонија имајќи предвид дека тече процесот на конституирање на Косово и стекнувањето на негово пошироко меѓународно признавање Ванковска не исклучува можност од имликации и во однос на Македонија која неодамна го започна процесот на демркацијата на северната граница.

„Тука јас повеќе гледам дека импликациите ќе произлезат од фактот дека наскоро ќе се конституира новата македонска влада, во која дефинитивно мислам дека признавањето на Косово ќе биде едно од приоритетните прашања. Мислам дека ДУИ нема да дозволи да не притисне, особено ако добро течат работите околу демаркацијата. Останува да се надеваме дека српската страна е свесна дека Македонија нема многу избор по прашањето на Косово, прво затоа што го има прашањето на отворена граница, а второ затоа што има големо албанско малцинство партиципиент во власта, и дека ќе мора Македонија прво да ги штити своите интереси. Така што, се надеваме дека мерките што ќе ги преземат нема да бидат радикални, како на пример економска блокада, она што мене најмногу ме загрижува е блокада на енергетските текови.“

На денешниот избор на новата влада во српското собрание што ја сочинуваат пртиите од Блокот за европска Србија предводена од ДС и колицијата околу социјалистичката партија на Србија претходеше изјава на претседателот на Србија Борис Тадиќ кој за прашањето на Косово изјави дека Србија нема да се октакже од него и додаде дека српската политика по однсос на Косово треба да остане единствена и принципиелна. Официјален Белград испрати протестна нота до Македонија поради отпочнувањето на одбележувањето на северната граница на Македонија во делот со Косово. Сепак, професорот Димитар Мирчев вели дека не очекува неповолен развој во односите меѓу Македонија и Србија,

„Нас не ни одговара вакум на северната граница. Не очекувам негативен резвој на односите. Првиот фактор е формирањето на новата влада во Србија која мислам дека ќе биде проевропски ориентирана. Нашата влада, којашто сега е во процес на конституирање исто така ќе дејствува во стабилни услови, со големо мнозинство, со легитимитет на обете страни.“
XS
SM
MD
LG