Достапни линкови

Медведев ги обвини САД за глобалното економско забавување и понуди руска помош


Рускиот претседател Дмитриј Медведев во својот прв голем економски настап откако стапи на функцијата минатиот месец за глобалното економско забавување ги обвини Соединетите Држави и ја понуди помошта на Москва. Зборувајки на Меѓународен економски форум што денеска и утре се одржува во Санкт Петерсбург, Медведев изјави дека преголемиот рзик на америанаските финансиски коорпорации и агресивната финансиска политика на најголемата светска економија ја продлабочи кризата.

,,Русија денес е глобален партнер. Ја разбира одговорноста за судбината на светот и сакаме да бидеме дел од формирањето на новите правила на игра, не заради некакви имеријални амбиции туку затоа што имаме капацитет и способност."

На форумот учествуваат бројни државни и бизнис делегации од Европа, Америка, и Азија, но и претставници на медиумите специјализирани за економија и финансии. Глобалните економски интереси наспроти менаџирањето на институциите е главната тема на Форумот во Санк Петерзбург, на кој учествува и претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски. На маргините на Форумот, како што јавува јави МИА од Санкт претседателите Црвенковски и Медведев ќе остварат билатерална средба на која се очекува да стане збор за состојбите на Балканот и отворените проблеми во регионот, како и продлабочување на можностите за подобра економска соработка меѓу Македонија и Русија. Ова ќе биде прва средба на шефот на македонската држава со новиот руски претседател, кој стапи на должност на почетокот на мај оваа година.
XS
SM
MD
LG