Достапни линкови

Заедничка цел за членство во НАТО и ЕУ, но потврди ставови кај актуелната власт наспроти опозицијата


Иако и десницата и левицата се залагаат за влез на Македонија во Европската Унија и НАТО, стратегијата на двете страни во однос на евроинтегративните процеси на земјава се разликува, сметаат дел од домашните експерти. По клучните прашања во надворешната политика како што се членството во евроатлатнските структури, победата на партиите собрани околу коалицијата ,,За Европа-Сонце“ ќе значи забрзување на овие процеси, додека останувањето на власт на сегашната владеачка гарнитура ќе значи нивно одредено замрзнување, смета политикологот Дане Талески:

„Доколку се направи нова влада која ќе биде предводена од ВМРО ДПМНЕ очекувам евроатлантската интеграција на Македонија да се забави, да се замрзне на некој начи, а доколку победи СДСМ очекувам главен, прв и основен приоритет на таа влада да биде забрзување на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.“

Посочува Талески кој во оваа насока додава дека и по прашањето за решавање на спорот со името со Грција од што пак зависат нашите евроатлантски интеграции десницата има потврда позиција:

,,Тоа беше опција на ВМРО ДПМНЕ да резонираат една националистичка, тврда позиција која за народот е една убава илузија која сака да ја слуше, но доколку ја состават новата влада ќе мора да ,,влезат“ во некаков дијалог.“

И аналитичарот Алберт Муслиу прави разлика во пристапот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ по однос на надворешната политика, односно името и евроатлансктие интеграции, но смета дека нема разлика во тенденциите и искреното посакаување и на двете страни земјава да се интегририра во меѓународните институции.

,,Мислам дека некои омекнувања и во ВМРО ДПМНЕ има во однос на преговорите со Грција, но секако има потврд став од страна на ВМРО ДПМНЕ по ова прашање, додека во СДСМ се повеќе флексибилни. Сепак сметам дека нашите НАТО и ЕУ процеси нема да бидат оштетени,, независно кој ќе победи на изборите.“

Вели Муслиу. Заедничка позиција и сличен пристап и кај двете опции аналитичарите пак пронаоѓаат во однос на проблемот со признавањето на Косово и демаркацијата на границата:

,,Без разлика која опција ќе дојде на власт, имаме технички процес на демаркација на граница и штом тој ќе заврши Македонија најверојатно ќе го признае Косово.

„Јас мислам да немаше избори, тоа прашање ќе се апсолвираше досега.“


изјавуваат Талески и Муслиу.
XS
SM
MD
LG