Достапни линкови

Насилствата и инцидентите креираат лоша слика пред меѓународната заедница


Насилствата и инцидентите кои се случуваат во Македонија за време на предизборите и изборите, креираат лоша слика пред Меѓународната заедница, посочуваат експертите.

„Иако сум убеден дека меѓународната заедница, во последните два изборни сиклуси во напорите да не стимулира за фер и демократски избори настојуваше да искаже оценка дека изборите беа фер и демократски со извесни нарушувања на изборниот циклус. Тоа треба да го сфатиме како поука и аванс на меѓународната заедница и не треба да биде чин на самозадоволување,“

вели Стојан Кузев професор на воената академија и додава дека од осамостојувањето на Македонија па досега немало избори кои поминале во мирна и демократска атмосвера. Причината тој ја гледа во самите политички партии и во непочитувањето на законите:

„Се воспостави практика дека со преземање на мерки коишто се насилни коишто се на штета на другиот, а во сопствена корист да се практицираат, затоа што таквите постапки во изминатиот период донесуваа резултати.“

Професорот од Универзитетот на Југоисточна Европа Назми Малики посочува дека казнувањето на политичките лидери поради нивното некорекно однесување би ги спречиле инцидентите кои се случуваат за време на предизборната кампања и на денот на гласањето.

„Имавме тешки инциденти, тешки клеветења на лидерите меѓу себе и затоа кај граѓаните и сега има страв од изборите, бидејќи за тоа придонесуваат одредени партии во Македонија. Сеуште кај нас нема лидер, кој е отстранет од изборите поради неговото однесување.“

вели Малики и додава:

„Лидерите, политичките партии, штабовите, треба еднаш засекогаш да градат правило за почитување на слободниот глас и денот на гласањето и целото предизборие да се смета дека е празник каде што луѓето слободно ќе се движат и ќе ги извршуваат нивните демократски обврски кон државата.“
XS
SM
MD
LG