Достапни линкови

Нема планови за одложување на поканите за членство во НАТО поради проблемот со името


Нема планови за одложување на поканите за членство во НАТО поради проблемот со името, а членството во НАТО се базира врз основа на квалификациите. Ова го изјави синоќа портпаролот на Стејт Департментот Том Кејси на прашање дали се размислува за одлагање на поканата за период од три до шест месеци за во меѓувреме двете страни да го решат проблемот, бидејки НАТО самитот во Букурешт официјално почнува утре.

„Како што еднаш еден голем бејзбол играч изјави – Не е завршено додека не заврши. Па да видиме што ќе се случи.“

Ова е одговорот на портпаролот на Стејт Департментот Том Кејси на прашањето дека уште еден ден има до почетокот на самитот во Букурешт, а Македонија и Грција се уште немаат договор за името поради што Грција се заканува со вето за македонската покана за членство. Имено грчките медиуми повикувајки се на владини извори јавуваат дека Атина побарала одлагање на поканата за Македонија за да има нов круг преговори, но оти Соединетите Држави се протиставиле на тоа барање. Портпарол на Стејт Департментот Том Кејси изрази разбирање за проблемот со името како чувствително прашање, но изрази верување дека одлуките кои се превземаат во однос на членство во НАТО се базираат врз основа на критериумите за членство кои ги воспостави Алијансата.

„Секако нема планови за одлагање на самитот на НАТО или за одлагање на одлуките за членство поради ова прашање. Она што ние се надеваме дека ќе се случи во наредните денови е дека интензивната работа на двете страни, на владите на Македонија и Грција ќе продолжи и ќе вроди со плод за ова прашање така што нема да има странична причина која ќе влијае врз Македонската кандидатура за членство.“

За нас е важно договор да биде постигнат под покровителство на посредникот Метју Нимитц и Обединетите Нации. Ние правиме се за да ги охрабриме двете страни да го направат тоа, порача портпаролот на Стејт Департментот Том Кејси.
XS
SM
MD
LG