Достапни линкови

Борба за рејтинг и манипулација што личи на балканска крчма, оценува екс министерот Чашуле


Македонскиот преговарач Никола Димитров утре во Њујорк на преговорите ке презентира како што рече по средбата на државниот врв викендов, единствен став. Нашите позиции се јасни, аргументите се силни и издржани и на средбата во Њујорк одам со прецизни инструкции, вели во писмемната изјава Димитров. Сепак разликите во ставовите на претседателот Барнко Црвенковски и премиерот Никола Груевски се очигледни.

Претседателот во последната изјава вели дека за него прифатливо е име кое ке ја замени референцата, а кое ке содржи одредница која нема да задира во националниот идентитет. Премиерот пак категоричен не отстапува од двојната формула. И по ова од државниот врв велат Димитров во Њујорк ке презентира јасен став.

Колку ова може да влијае на македонската во позиција? Некои аналитичари укажуваат дека ке влијае, но дека ставовите во суштина не им се разликуваат многу, велат станува збор за манипулација.

„Не е добро, околку вакви нешта во јавноста да циркулираат попречни мислења кои се доведуваат до ниво на раскол. Ако се седне и внимателно се погледне на целата ситуација, ќе видите дека и претседателот и премиерот го зборуваат истото. Манипулација е кохабиатацијата и најмногу манипулацијата со името.“

изјави Слободан Чашуле поранешен министер за надворешни работи.
Оваа што го прават тие, додава Чашуле е недозволиво. Според него станува збор за ирационален натпревар, а она што се бара од нив е да излезат со јасна позиција:

„Тоа е ефтина трка за рејтинг, јас само сакам да ги прашам и двајцата – кога ќе ја доведат државата да биде ставена под знак прашање, нивниот рејтинг ќе им служи за што? Вистински државници не прават вакво нешто, излегуваат и на народот кој им го дал мандатот му соопштуваат каква одлука донеле и оставаат на историјата потоа да ги цени нивните чекори, ова ефтино играње личи на балканска крчма. Се плашам само да не дојдат Американците и да го изгасат светлото.“
XS
SM
MD
LG