Достапни линкови

Од ДПА и ДУИ велат дека можеби има партиски надмудрувања, но Косово мора да се признае


Партиски надмудрувања за политички поени можеби постојат, но по прашањето за македонското признавање на независноста на Косово има единство меѓу албанскиот политички фактор во Македонија, уверуваат во владеачката ДПА и во опозиционата ДУИ.

„Партиски надмудрувања за поени секогаш имало, но тоа незначи дека постои борба за други превирања.“

„Апсолутно нема некој натпревар помеѓу албанските партии за тоа кој е порелевантен фактор во овој правец, туку тоа е државен интерес и ние тоа сме го кажале.“


Изјавуваат Гариб Каба од ДПА и Рафиз Алити од ДУИ.
Неодамна косовскиот премиер Хашим Тачи меѓу релевантните фактори меѓу албанските политичари во Македонија со кои контактира по прашањето за Косово меѓу другите ги посочи лидерите на ДУИ Али Ахмети и на ДУА Бардул Мамути, не споменувајки го претседателот на владеачката ДПА Менух Тачи, што ја наметна дилемата, дали ова прашање се користи за докажување на релевантноста помеѓу албанските партии во процесот на македонското признавање на Косово. Како реакција на изјавата на косовскиот премиер, лидерот на ДПА Менух Тачи потсети дека неговата партија е дел од Владата и додададе дека е погрешно да се наметнува проблем кој не постои и што може да доведе до несогласувања. Во опозиционата ДУИ пак, која веднаш по прогласувањето на косовската независност побара од македонската влада негово признавање, велат дека моменталните превирања по ова прашање меѓу албанскиот фактор не може да влијаат врз политичко безбедноста состојба во земјава:

„Такво нешто неможе да влијае врз политичко-безбедносната состојба во земјата, бидејќи мислиме дека оваа Влада и ова мнозинство, конечно државните интереси ќе ги стават над партиските и политички интереси.“

Посочува Алити. И аналитичарите на мислење дека прашањето за признавање на Косово од страна на Македонија ќе се реши на мирен начин и оти моменталните политички превирања меѓу албанските партии немаат никакво влијание врз политичко- безбедносната состојба:

„Не, апсолутно не. Најверојатно ќе добијат сигнали од таму од каде што треба, и ова прашање ќе си ,,легне“ и ќе се реши на нај нормален начин.“

изјавува аналитичарот Мерсел Биљали.
Во македонската влада околу признавањето на Косово посочуваат дека ќе ги имаат предвид националните и државните интереси. Оттаму веќе доставија барање до косовската влада за демаркација на границата.
XS
SM
MD
LG