Достапни линкови

Прв градоначалник Македонец во Албанија, во Грција и Бугарија работа на организационата структура


Едмонд Темелко стана градоначлник на Пустец, ОМО Илинден Пирин продолжи со барањето за регистрација на партија во Бугарија а Виножито во Грција го објаво второто проширено издание на македонски абецедар - овие активности на македонските малцинства во соседните земји накаратко ја одбележаа 2007 година. Историска за Македонсците во Албанија – оценува Темелко од Македонската алијанса за европска интеграција

„Се надеваме 2008 година да ја прошириме партијата Македонска алијанса за европска интеграција на сите делови каде што живеат Македонци за да бидеме спремни во 2009 да станеме парламентарна партија. Ние сметаме дека нашите проблеми може да се решат ако сме вклучени во политичкиот живот на Албанија.“

И додека Македонците во Албанија размислуваат за проширувае на партијата бугарските судови одбиваат да ја регистрираат ОМО Илинден Пирин. Претседателот Стојко Стојков вели дека кога Бугарија влезе во Евроспката Унија односот на властие кон нив се влошил

„Бугарските власти помислија дека сега за нив не важат правилата. Внатре се во Европа, никој не ги надгледува па може да прават тоа што сакаат. Како резултат на тоа беше случувањата на Рожден кога имаше забрани, ограничувања, но за среќа со интервенција на Европа тие работи почнаа да се поправаат,“

вели Стојков и додава дека во 2008 покрај на регистарцијата на партијата ќе продолжат да работат и на неколку други полиња

„Да воспоставиме правилен дијалог за правата на Македонците во Бугарија, а исто така да ги прошириме нашите европски контакти со други организации и партии. Да ја екипираме и самата партија кадровски.“

И претседателот на Виножито Павле Вакопусол со слична работна агенда

„Тоа што ние сметаме дека сега треба да го направиме бидејќи е навистина еден чувствителен период за движењата за малцинствата е на домашен план как Виножито, да ја подобриме и организационата структура на нашата партија и полека ако можеме да почнеме да воспоставуваме дијалог со грчките власти што континуирано го бараме.“

Покрај овие активности Васкопулос го истакнува и плановите за издавање за грчко македонски речник и одржувањето на вториот конгрес на партијата.

За тоа што може да направи Македонскта власт за нив државнот советник за дијаспора во министертвото за надворешни работи Сашко Тодоровски вели:

„Наше е како на МНР да создадеме услови тие да може да дејствуваат и да се направи трансфер на она што значи мешање во внатрешните работи како прашање од минатото и она што е сега важечка филозофија во меѓународните односи дека ова е вид на меѓународна соработка. Со тоа ќе се овозможи тие да дјествуваат по линии коишто тие самите ќе ги зацртаат.“
XS
SM
MD
LG