Достапни линкови

Светските лидери бараат Пакистан да остане на патот на демократијата


Убиената пакистанска опозиона лидерка Беназир Буто денеска ќе биде погребана во нејзиното родно место во Синд, ден откако врз неа беше извршен атантат од бомбаш самоубиец. Веднаш потоа во земјата избувнаа немеири. Светските лидери, осудувајќи го убиството на Беназир Буто, бараат од Пакистан да остане на патот на демократијата.

Во немирите и насилството во неколку градови во Пакистан меѓу поддржувачите и опонентите на убиената поранешна премиерка Беназир Буто имало десетина загинати. Претседателот Первез Мушараф веднаш одржа во Исламабад итен состанок со владата и со веоните валсти на кои им наредил да ги преземат сите можни мерки за одржување на редот и законот. Тој прогласи и тридневна жалост во земјата:

„Тоа беше суров акт изведен од оние терористи против кои се бориме. Отсекогаш тврдев дека најголема закана за Пакистан се терористите. Затоа ја барам поддршката од целата нација за да ги искорениме од нашава земја.“

Изјави претседателот Первез Мушараф. И опозициониот лидер Наваз Шариф го осуди убиството на Беназир Буто но притоа тој побара и оставка од шефот на државата. Шариф објави дека неговата партија ќе ги бојкотира парламентарните избори планирани за осми идниот месец. Во меѓувреме, светските лидери се огласија со осуда на вчарашниот атантат. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун оцени дека станува збор за грозно злосторство, а американскиот претседател Џорџ Буш, понудувајќи му поддршка на Первез Мушараф, изјави дека атентатот бил со цел да се поткопа демократијата во Пакистан.

„Ние сме со народот на Пакистан во нивната борба против силите на теророт и екстремизмот. Бараме од пакистанците во чест на Беназир Буто да го продолжат демократскиот процес за кој таа храбро го даде нејзиниот живот.“

Изјави претседателот Џорџ Буш. Иако Вашингтон го поддржува Мушараф и го смета за сојузник во борбата против тероризмот, сепак инсистираше на враќањето на Беназир Буто од егзил и ја сметаше за главна личност во напорите за спроведување на демократската транзиција во Пакистан. Впрочем Мушараф, по голем американски притисок, се откажа од местото шеф на војската и прифати парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG