Достапни линкови

Домашните бизнисмени очекуваат соработка


По отварањето на американскиот автомобилски гигант Џонсон Контролс,македонските бизнисмени очекуваат соработка со ова компанија, со што како што велат тие ке се подобри и економската слика во земјава.

„Во секој случај претставува еден позитивен импулс за македонската екномија затоа што знаеме дека големите и малите компании се во своевидна синергија. Неможе да пости мал бизнис, доколку немаме голем бизнис. Секогаш малиот бизнис е во насока на подршка на поголемиот бизнис.“

вели бизнисменот Горан Паздријан и додава дека во блиска иднина очекува влегување и на други поснати светски брендови.

„Сигурен сум дека во наредните 2 до 3 години најмалку уште неколку компании што соработуваат со Џонсон Контролс, посериозно ќе размислат да го доближат својот бизнис до производсветниот погон на Џонсон Контролс.“

И според упатените влегувањето на Џонсон Контрол значително ке ја подобри бизнис климата во земјава.

„Се надеваме дека ова влегување на Џонсон Контролс ќе придонесе за развој на оние компании што не се стандардизирани за настап на странските пазари, односно ќе биде поттик домашните компании да станат поконкурентни.“

објаснува Никола Евтимов, извршен директор на сојузот на стопански комори на Македонија.За тоа дали по отварањето на ова компанија,во земјава ке ивестираат и други светски имиња, Ефтимов вели:

„Се зависи не само од нас туку од условите што ги создаваат одредени политички проблеми во регионот. Но тука сигурно има и други фактори, штом вакви компании како Џонсон Контролс и Џонсон Мети се решија да инвестираат во Македонија тоа е апсолутно голем сигнал.“

Џонсон Контролс кој официјално започна со работа во слободната економска зона Бунарџик,ке произведува електронска опрема за автомобили. Во првата фаза ке бидат вработени 150 работници, а потоа нивната бројка треба да се зголеми до петстотини. Влезот на овој американски гигант го договори претходна владеачка гарнитура а договореното го реализирааше актуелната.
XS
SM
MD
LG