Македонија е дел од ризичното подрачје на регионот на Западен Балкан што се однесува до опасноста да биде изложена на тероритички напади, сметаат експертите, нагласувајќи го како особено критичен актуелниот момент. На тоа, според професорот, Стефан Буџаковски, влијаат актуелизираните проблеми во и со соседството, како што е косовското прашање или спорот со името со Република Грција:
„Мислам дека е најкритично, посебно прашањето со Косово, потоа нерешеното прашање со името со Грција, а имавме изјава и од Србија. И тие не предупредија да не брзаме со признавањето на независноста на Косово. Во вакви ситуации, може да се каже, дека оние кои сакале да ни направат проблем, можат да ја искористат оваа ситуација, на пример Бугарија, а ние да обвинуваме други,“
вели Буџаковски.
Според него, терористички акти се и психолошките активности на пропагандата која сее страв меѓу населението, ја зголемува несигурноста и нестабилноста во земјата. Македонија, како и целиот регион на таканаречениот Западен Балкан, е плодно тло за терористички напади, вели доктор Благоја Марковски, претседател на балканскиот форум за безбедност:
„Бидејќи има многу неразрешени и економски и политички и безбедносни проблеми.“
Македонија е дел од борбата против глобалниот тероризам преку учеството со свои војници во мисиите во Авганистан, Ирак, БИХ и Либан. Другата димензија на оваа борба е оспособувањето на службите за борба со оваа појава дома. Професорот Стефан Буџаковски вели дека Македонија на овој план има оспособени кадри кои можат да дадат резултати, но дека проблемот се појавува во делот на средствата што се влижуваат во оваа борба:
„Знаете дека ние како држава не може да правиме комбинаторики што ги прават разузнавачките служби на високо развиените земји за да може да се спротиставиме, бидејќи ние можеме да се спротуставуваме на терористички акти соодветни на нивното дејствување. Да речеме, тие ќе употребат поголема сума пари, па ќе ни направат проблем. Ние треба со ист интензитет и средства да се браниме од такви акти.“
Тероризмот од друга страна ги користи сите научни и технолошки достигнувања и зема се повеќе замав, заклучува Санџаковски. Македонија во моментов е домаќин на петдненвиот семинар за тероризам кој се одржува во рамките на НАТО форумот за научен пристап кон безбедноста, на кој ќе стане збор и за структурата на терористичките мрежи, методите на дејствување и финансирање.