Достапни линкови

Според власта постои политичка волја, а опозицијата смета дека се работи за опструкции


Иако сите партии изразија подготвеност Анкетната комисија за расчистување на настаните во собранието да даде конкретни резултати за седум дена сеуште нема доставено никакопв извешатај. Претседателот на комисијата Стојан Андов кој најави повлекување од позицијата поради тоа што не можеше да се осигура приствиото на сите членови оценува дека проблемот не е во немањето на полтилка воља:

„Изразија сите политичка воља за да се расчисти тоа и очекувам сега да се надминат тие мали недоразбирања.“

Со слично мислење и Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ. Политичка воља има вели таа, но во меѓувреме неколку настани ја пролонгираа работата на комисијата:

„Мислам дека прво проблемот беше тоа што имаше застој во работењето заради смртта на Тоше Проески, понатаму имавме денови кога парламентот неможеше да работи, некои од колегите кои не беа присутни и заради тоа малку се пролонгираа Седниците, но верувам дека набргу ќе бидат средени работите.“

Инаку комисијата се блокираше откако Собрането донесе одлука да не работи поради смртта на поп пејачот. Во тој момент за настаните од 25 минатиот месец требаше да севдочи лидерот на ДПА Тачи но поради одложувањето на неговото излагање тој одлучи членот од неговата партија да не учествува во понатамоѓната работа. Според опозицијата ваквото однесување е одраз на немање на политичка воља од страна на мнозинството да се расветлат случувањата:

„Ние мислиме дека со овие опструкции се сака да се направи притисок врз комисијата да неможе нормално да работи и нормално да го составува извештајот за инцидентите.“

Вели Рафиз Алити од ДУИ.
Инаку ветувањата дека конкретбни резулатите ке има за краток рок не беа ддадени само пред македонската јавниост туку и пред мегунароидната заедница.Во Брисел на последната средба на претсдателот Цревесковски високиот преставник на Евроспката Унија за надворешена и безбеднсан политика Хавиер Солан му посочи дека истрагата треба бзро да се зварши и да се идентификуваат виновниоците.
XS
SM
MD
LG