Достапни линкови

Реформите во судството заглавени во политичките лавиринти


Иако некопмлетен Судскиот совет во кој треба да се избере уште еден член ја отвора можност за формирање на Управниот суд, од Министерството за правда најавуваат дека за отприлика еден месец тој ке почне да функционира

„Бидејќи е распишан оглас, пријавени се голем број кандидати околу 240. Завршена е претходната постапка. Јас очекувам во најдобар случај да се изврши конституирање и почнување со работа на почетокот на наредниот месец,“

изјави министерот за правда Михајло Маневски

Поради непостоењето на ваков суд повеке од четири месеци граганите само можат да поднесат жалба доколку сметаат дека органите на управа им ги загрозиле правата во постапки како добивање или недобивање државјанство, исполнување на услови за пензија, здравствено осигурување или слично, но нема кој да постапува по нив. Ваквите постапки беа прекинати кон крајот на мај до кога постапуваше Врховниот суд, а по што требаше да започне со работа Управниот суд.
Од опозицијата укажуваат дека спроведувањето на судските реформи доцни во сите сегменти

„Формирањето на Управниот суд, апелациониот суд во Гостивар и други прашања. Значи, наместо Законот за судски совет кој почна да функционира во септември 2006 година да овозможи избор на Судскиот совет, избор на судии во апелациониот суд во Гостивар и избор на судии во Управниот суд, ништо после година и повеќе нема од овие проекти,“

изјави Мери Младеновска поранешен министер за правда која укажува дека не се спроведува клучниот услов за приближување кон евроатлантските структури деполитизација на судството:

„Наместо и Министерството за правда да работи на прашањата коишто се во надлежност на министерството, ние во пракса се соочуваме со различна ситуација, кога различни функционери во пракса дебатираат за работи од надлежност на друг орган. Сите министри во владата имаме можност да ги чуеме да ги коментираат судските одлуки, да кажуваат за кого ќе се води судска постапка, за кого ќе покрене обвинителството обвинение, но најмалку за тоа што значи реформски процеси,“

вели Младеновска.
XS
SM
MD
LG