Достапни линкови

Поддршката на САД за членството на Македонија во НАТО топ тема на разговорите


Интеграцијата на Македонија во НАТО, состојбата во регионот во контекст на косовското прашање, како и последните настани на политичката сцена во земјава, мегу кои инцидентот во собранието што се случи пред десеттина дена, реформите во судството, се темите за кои заменикот помошник на државниот секреатр на Соединетите држави за Европа и Евроазија, Розмари Дикарло ке разговара со претставниците на државниот врв. За тоа на што ке стави акцент македонската страна Шпреса Јусуфи од министерството за надворешни работи информира

„Од наша страна, секако, приоритетно прашање ќе биде поддршката на САД околу кандидатурата за членство во НАТО. Тоа е едно од главните прашања за што претпоставувам ќе се разговара на сите средби. Понатаму, унапредувањето на билатералната соработка со САД, секако ќе стане збор и неизбежно е да стане збор за состојбите во регионот во контекст на разговорите за статусот на Косово.“

Дека Македонија ја има поддршката од Соединетите држави за членство во НАТО неодамна рече и американската амбасадорка во земјава, Џилиен Миловановиќ

„Соединетите држави продолжуваат да ги поддржуваат македонските аспирации да се добие покана на самитот во Букурешт, не би предвидувала што ке се случи, сепак треба да има заеднички напори во земјата за решавање на проблемите.“

рече Миловановиќ.

Јусуфи додадава дека во контекст на зачленувањето во НАТО од големо значење е последната резолуција од институциите на Алијансата

„Оваа резолуција за нас значи многу. Таква резолуција имаше и пред поканата на новите седум земји члени на НАТО. Таа има двонасочна намена, едно е сега во контекст на поддршката и порака до владите на овие земји дека овие три земји се сериозни кандидати за покана на самитот во Букурешт и секако тоа е чекор напред во делот на ратификацијата на нашиот прием за членство во НАТО.“
XS
SM
MD
LG