Достапни линкови

Владимир Преља, амбасадор на Албанија во Република Македонија. Македонија е стабилна и демократска земја


Господине Преља, разговараме во период кога речиси секојдневно се менуваат најавите за идниот статус на Косово. Некои од нив предвидуваат и дестабилизација на регионов. Какво е вашето мислење, колку овие настани може да ја дестабилизираат Македонија?

Без сомнение дека јас тука зборувам од позиција на амбасадор на Република Албанија во Македонија и не е мое да се занимавам со политички анализи, но сакам да кажам дека косовското прашање денес има едно предложено решение воспоставено од мегународната дипломатија, а преставено во пакетот на господинот Ахтисари. Овој пакет ја претставува перспективата на Косово а се заснова врз вољата на граѓаните кои жиевеат таму. Мислам дека од тука може да почнат преговорите. Како албанската, така и македонската влада мислат дека нема образложение за одложување на прашањето на статусот на Косово а тоа има една основа која произлегува од решението на Ахтисари. Во врска со доцнењето на овој процес, јас би се повикал на изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, кој рече дека секое одложување ке значи дека ке биде доцна да се вратиме на истото прашање. Од еден друг аспект јас сакам да го подвлечам јасниот став на македонската држава и на македонската дипломатија која комбинирајки ги националните интереси во исто време е и ангажирана сериозно во една реална позиција. Таа се базира врз заложбите на меѓународната заедница и во реализација на тој услов кој ние сите го сакаме, а тоа е избегнување на дестабилизацијата во регионот а со тоа и во нашите држави и создавање услови за развивање на внатрешните реформи за кои се заинтересирани и нашите сојузници, Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Вие сте черири години во Македонија колку сметате дека актуелните случувања на безбедносен план се можна најава за дестабилизација?

Јас ви реков дека ние како преставници на албанската дипломатија ја следиме ситуацијата, но не ја следиме во таа мера како што тоа го прави печатот и ние се запознаваме преку нив за последните случувања кои јас мислам дека се елементи на една надмината ситуација во Македонија. Јас мислам дека денес Македонија е една стабилна и демократска земја која се стреми кон побрзо релизирање на реформите за да создаде правна држава која практично ке биде и е пример за тоа како може да се решаваат мегуетничките проблеми во ЈугоИсточна Европа. Од друга страна јас мислам дека проблемот на нашите земји вклучувајки ја тука и Македоија е еден проблем кој е вклучен во евроатланските видувања. Ние работиме врз основа на мегународните одлуки или врз основа на потпишаните договори на политиката на нашите земји и во конкретниот случај на Македонија за развојната перспектива на оваа земја. Значи секое делување во друга насока ке биде чудно и авантуристички. Јас мислам дека македонската демократија е способна да ги надмине овие преодни проблеми. Секако тие бараат една адекватна заложба од сите политички субјекти и македонското општество.

Во некои од сценаријата за идниот статус на Косово се јавија аналитичари и од Македонија и од Албанија кои најавуваат можност за формирање голема Албанија. Каков е вашиот коментар за ова?

Јас мислам дека таквите концепти како голема Албанија, голема Македонија, голема Србија се еден речник кој е наследен од тоа време кога Балканот се нарекуваше буре барут. Мислам дека денес овој поим повеке е последица од концептот отколку од релноста. Фактот е во тоа што никогаш не постоела голема или мала Албанија туку само Албанија и Албанци и во политиката на република Албанија, на албанската дипломатија и албанска политичка реалност денес е ваквите концепти кои се поврзуваат со шовинистички менталитети или со тенденции кои одат во спротивност од добрососедството и се против стабилноста на регионот, дефинитивно да се остранат. Јас ова го изјавувам во смисла на мојата службена положба.

Заедно со Македонија како дел од Јадранската група очекувате да влеземе во НАТО во 2008 година. Но, во меѓувреме се погласни се најавите дека е можно да влезе само Хрватска, а Македонија и Албанија да почекаат некои подобри времиња. Какво е вашето мислење по однос на ова?

Јас сум приморан да бидам оптимист, но не поради мојата природа туку затоа што фактите покажуваат дека во процесот на интегрирање на Македонија и Албанија има само позитивни настани. Во овие години на служба како амбасадор во Македонија можам да кажам дека Јадранската група е едно реално школо за нашите држави, како за Албанија така и за Македонија и Хрватска, затоа што беше добро дипломатско искуство на соработка во областа на одбраната, но исто така едно добро искуство на запознавање меѓу структурите на одбраната на нашите земји, но и меѓу политичките елити кои се ориентирани во оваа насока. Јас мислам дека последните настани, а посебно последниот самит на НАТО во Прага, но и посетата на американскиот претседател Буш во Албанија, како и многу други активности и изјави покажуваат дека преспективата ни е заедничка за зачленување во НАТО. На самитот во Букурешт, Скопје, Тирана и Загреб очекуваат покана за членство.

Сметате ли дека случувањата околу Косово може да влијаат негативно врз нашиот прием во НАТО?

Јас не можам да предвидам, но можам да кажам дека меѓународниот дипломатски процес во Косово воопшто не е поврзан со Јадранската повелба и со земјите членки на оваа повелба, бидејки како Албанија така и Македонија и Хрватска не се главни актери во одредувањето на статусот на Косово. Тие се активни и ја играат својата улога во контекст на ова прашање и го даваат својот позитивен придонес во решавањето на статусот на Косово и реализацијата на надгледуваната независност. Но сепак јас мислам дека сево ова воопшто не го дискредитира патот што го изодуваат земјите членки на Јадранската повелба за нивното членство во НАТО.

Контактирате ли со партиите на Албанците во Македонија? За какви прашања обично соработувате?

Јас имам благодарејќи му на моето искуство, блиски врски со македонската политичка реалност - Албанци , Македонци, Турци и другите националности и ова е дел од мојата работна агенда. Можам да ви кажам дека имам одлични односи и воедно одлично бев пречекан од сите. Секако целата моја агенда како амбасадор на Албанија во Скопје се заснова врз заложбите да се градат повеке мостови меѓу нашите две земји. Практично овие заложби кои се направени со водење на албанската и македонската политика донеле денеска македонско албанските односи да бидат пример за регионална соработка. Јас мислам дека перспективата е таква нашите две држави да имаат заеднички стратешки интереси, да имаат заеднички регионални интереси и секако да имаат еден заеднички економски проект на развојот на преспективата. Секако дека ова ја олеснува комуникацијата и дијалогот со политичките партии тука, пред се тие на Албанците, кои се еден значаен дел од македонската политичка сцена.

Амбасадоре, можете ли да направите паралела меѓу правата на Македонците во Албанија и правата на Македонците во Албанија?

Секое позицинирање може да создава недоразбирања, ова е едно од најактивните сфери на нашата соработка. Факт е дека соработката се заснова врз три големи столбови. Прво, почитувањето и волјата за добрососедство, второ почитувањето на таа документација и искуство засновани врз договори и правила за прашањето на етничките зедници и народите. Истовремено ние имаме европска платформа која е предвидена во овие документи и врз која нашите земји работат. Ова придонесе од година во година прашањето на малцинствата во Албанија да се подобри. Ние имаме етничка заедница на Македонци во Албанија која е почитувана од страна на албанската држава, таа заедница го дава својот придонес како и сите други граѓани на Албанија за равојот и демократизацијата на земјата. Македонците се народ во Албанија кои имаат одлични односи со албанскиот народ со кој никогаш немале проблеми и како такви секако дека заслужуваат да се работи заедно и во исто време меѓу двете наши влади да создадеме колку што можеме подобри услови за развојот на Македонците и на сите граѓани на Албанија. Што се однесува до Албанците во Македонија, секако дека албанската влада е заинтересирана за нивната положба. Ние нашата политика ја засноваме врз охридскиот рамковен договор, кој е еден многу значаен документ и претставува основа за правата на Албанците, но и можност за Македонија да се проектира како демократска држава, а истовремено и држава која ке донесе стабилност во регионот.

Иако сме соседни земји сепак Албанија не е меѓу првите пет земји со коишто Македонија има најголема трговска размена. Како ја оценувате економската соработка и во која насока таа може да се подобри?

Точна е вашата констатација. Ова е подвлечено и во последните средби на сите нивоа меѓу двете држави, а особено на средбата мегу премиерите Бериша и Груевски. Затоа ова е во спротивност со одличната политичка реалност и заеднички настојувања да одиме во насока на продлабочување не само на трговската туку и целосно на економската соработка. Фактички јас би сакал многу да направам една карактеристика на овие односи затоа што мислам дека економската соработка помина низ неколку фази. Првата фаза беше онаа на запознавање по една изолација од пет декади на Албанија. Втората беше онаа на воспоставување на односите во правна рамка, потпишувањето на спогодбата за слободна трговија и имаше позитивно влијание врз нашите економски односи. Третата фаза е онаа во која ние се гледаме себе си како дел од европскиот пазар и гледајќи се себе си како дел од овој пазар идејата на нашите премиери е да се претставиме со заеднички иницијативи, затоа што ние сме мали држави и кога ги обединуваме силите можеме да бидеме економски привлечни за странските инвеститори. И ова е една од идеите за кои нашите две влади се залагаат и работат. Јас можам да ви кажам дека од година во година или од месец во месец има интерес за економска соработка, посебно на македонскиот бизнис кој на Албанија гледа како интересен пазар.
XS
SM
MD
LG