Достапни линкови

Кој ќе го наследи Путин? Сергеј Иванов и Дмитриј Медведев најсериозни кандидати


Претседателските избори во Русија се закажани за март наредната година. Во земјата веке се говори за повеке можни кандидати кои би го наследиле Владимир Путин.

На помалку од една година од претседателските избори во Русија се говори кој би бил можниот заменик на Владимир Путин. Во јавноста се споменуваат главно имињата на Сергеј Иванов и Дмитриј Медведев. Советникот во Кремљ, Игор Шувалов смета дека е можно да се појави и некој трет, што би било изненадување.

„Лугето зборуваат за овие двајца кандидати, можни кандидати. Но знаете мојот претеседател може да приреди изненадување“

По оваа изјава на Шувалов во Русија се отворија многу дискусии која би била таа личност. Се споменува во јавноста името на гувернерот на санкт Петерсбург Валентина Матвиенко. Аналитичарите велат, Матвиенко која е лојална на Путин е идеален кандидат за едно сценарио во кое главниот збор фактички ке го има повторно актуелниот претседател.
Андреј Рајбов политички аналитичар од московскиот карнеги центар вели

„Ова може да биде сериозно во рамки на едно сценарио. Сценарио на технички претседател, на претседател кој нема да има големо влијание“

Аналитичарите укажуваат дека таа ги има клучните квалитети кои Путин ги бара кај својот наследник, таа може да ги балансира интересите, бидејки има контакти и со политичките и со бизнис круговите. Според некои таа е одличен кандидат.
Матвиенко пак неколупати кажала во јавноста дека нема такви амбиции.

Ако таа прифати да го спроведе споменатото сценарио, Владимир Јакунин, прв човек на руските желизници претставува нешто сосема спротивно силен претседател, сличен на Путин. И за него мислењата се поделени. Некои велат има контакти со луге од сите области и има пари. Но, како прв човек на руските железници, која е втора компанија по Газпром неговите интереси се судираат со некои луге блиски до Путин.
Освен овие во руската јавност се говори и за други имиња. Сепак аналитичарите укажуваат дека целта на Путин е да ја задржи актуелната елита. Значи кандидатите би требало да бидат прифатливи за различните кланови во опкружувањето на Путин. Аналитичарот Владимир Прибјиловски од Московскиот тинк тенк Панаорама објаснува

„Има два фактори колетивеец Путин и индивидуалец Путин. Помалку или повеке се исти. Не верувам дека тој ке прифати некој сомнителен. Тој дури сака да задржи како што е сега. “

Аналитичарите укажуваат клучните разлики мегу клановите не се идеолошки, повеке станува збор за желба да се заштитат комерцијалните интееси и политички позиции.
XS
SM
MD
LG