Достапни линкови

Најголем противник и натаму Русија


Советот за безбедност на Обединетите Нации останува блокиран околу новата нацрт резолуција за Косово. На синоќешните консултации зад затворена врата не била постиганата согласност за новиот предлог на резолуцијата. Најголем противник и натаму Русија.

Амбасадорот на Русија во Обединетите Нации Виталиј Чуркин повтори дека неговата земја не ја поддржува резолуцијата и се заложи за нови преговори со нов посредник.,,Статусот на Косово треба да биде утврден преку непристрасни преговори и со непристрасен посредник,, изјави Чуркин, додавајќи:

„Скоро целиот текст на нацрт резолуцијата за иднината на Косово и особено анексите се проткајани со концептот за независноста на Косово и тоа е еден вид скриен автоматизам за одобрување на планот на Ахтисари.“

Изјави амбсадорот Чуркин, оценувајќи дека со таква резолуција која нема никакви шанси да мине во Советот за безбедност само непотребно ќе се изгубат предвидените дополнителни сто и дваесет дена за приближување на ставовите меѓу Белград и Приштина.
Од друга страна францускиот амбасадор во Њујорк Жан Марк де ла Сабрлијер оценува дека главниот елемент на новата нацрт резолуција е отворање преговори кои би траеле четири месеци, а се со цел да се постигне спогодба меѓу Србија и Косово:

„Ние предлагаме сто дваесет дневен период на преговори. И за тоа време оние што се како што ги нарекуваме во нацрт резолуцијата релевантни држави, односно оние што имаат влијание врз двете страни треба да ги убедат да најдат решение.“

Изјави францускиот амбасадор де ла Саблијер. И кинескиот амбасадор во Обединетите Нации Ванг Гуангџија смета дека е најдбро доколку Белград и Приштина се договорот за статусот на Косово. ,,Доколку нема договор меѓу двете страни, на Советот за безбедност ќе му биде тешко да наметне некакво решнение,, изјави тој, додавајќи дека на сите им е потребно повеќе време. Но токму, ограничувањето на тој период од четири месеци е неприфатливо за Русија.,,Преговорите не треба да бидат орочени. Што подолго тоа подбро,, вели рускиот амбасадор Виталиј Чуркин. Инаку, пред синоќештите консултации на Советот за безбедност, генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Kи Мун изрази голема загриженост поради немањето напредок во решавањето на косовскиот проблем и ги повика заинтересираните страни да се воздржат од унилатерални потези.
XS
SM
MD
LG