Достапни линкови

Дефицитот неможе да се намали само со дневна политика, потребни се низа мерки, велат експертите


Поголемиот увоз на добра и услуги за сметка на помалиот извоз во земјава е појава што неможе да се промени со дневна политика, велат економските експерти. Покрај структурни промени во стопанството, потребно е менување и на структурата на извозно ориентираните производи, смета проф. Зоран Ивановски од Европскиот Универзитет:

„Да се оди од оние градинарски култури кои досега беа главен извозен адут на Македонија, и извозот на суровините, лимот, челикот итн. кон извозот каде доминира финалната дообработка или се работи за производи со повисока вредност. Да се размисли и за секторот на услугите кои што доминираат во извозот на развиените национални економии, тоа се можеби информатичката технологија, финансиските услуги и инвестициите од областа на образованието.“

И стопанствениците сметаат дека намалувањето на трговскиот дефицит во земјава не се правина краток рок. Стопанственикот Драган Николов вели дека негативното салдо на стоковната размена на земјава со странство може да се промени преку пакет економски мерки во повеќе сфери:

„Неможе да речеме дека државата ќе го смени курсот и ќе влијаеме. Тоа се низа на мерки, даночни мерки и повластувања на инвестциите и тоа ќе овозможи да се менува структурата на извозот и економскиот раст. Нас ни треба и да знаеме, да дадеме додадена вредност, да знаеме да продадеме во повисока фаза на доработка суров производ или во спротивно нема да имаме резултати.“

Од Сојузот на стопански комори регираат на извозот на репроматеријали од државата со цел да се стимулира извозот на готови производи што би биле конкурентни на странските пазари:

„Генерално стимулациите на самото производство или стимулациите на конкурентноста на македонските фирми би придонеле за намалување на тој трговски дефицит и можноста за нивно излегување на странскиот пазар.“

Според последните статистички податоци во првите пет месеци од оваа година трговскиот дефицит во земјава изнесува 550 милиони 224 илијади долари. Економистите велат дека доколку и годинава се повтори бројката од милијарда и двесте милони долари дефицит во трговската размена, стапката на економски раст и квалитетот на животот на граѓаните ќе се движат во надолна линија.
XS
SM
MD
LG