Достапни линкови

Според експертите станува збор за докажување на индивидуална, а не државна одговорност


По вчерашното воведно обраќање на претставниците на Хашкото обвинителство од одбраната на Љубе Бошкоски велат дека немало никакви изненадувања за нив, беше презентирано нивното видување за состојбата во Македонија во 2001, а укажаа и што ќе докажуваат во текот на судењето:

„Доказите кои при тоа ги покажаа, се докази што треба да ги изведуваат во текот на судењето, значи вчера беше само информација за тоа какви докази ке понудат, се што беше прикажано не е доказ во постапката, сето тоа беше познато за одбраната, па не сме изненадени. Ние сме подготвени во текот на изведување на доказите на обвинителството и во својата одбрана да презентираме контрааргументи и да се спротивставиме на доказите на обвинителот.“

Изјави Едина Решидович адвокат на Љубе Бошкоски.
Дека нема изненадувања ниту за македонската јавност сметаат и аналитичарите. Според нив сега јавноста во земјава поинаку ке гледа на Хашкиот Трибунал:

„Некои поголеми изненадувања нема, меѓутоа тежината на случајот дури доправа македонската јавност ја доживува во целата нејзина димензија. Секако дека тоа беше настан кој предизвика и емоции и фрустрации и други чувства, меѓутоа изненадувања и нема затоа што во судски процес, обвиниението е она кое оди на сшто продраматично преставување на целиот случај.“

Вели Билјана Ванковска професор по меѓународно хуманитарно право. Таа укажува дека и досега требало во земјава да дебатираме за случувањата во 2001 година:

„Вчера од судска дистанца слушнавме дека сме имале внатрешен меѓуетнички конфликт, така што тоа е една димензија. Втората димензија е тоа што ова судење никако не треба да се поврзува со судење на државата, Република Македонија ниту со македонската етничка заедница, јавноста мора да остане „прибрана“ дека станува збор за индивидуална одговорност доколку се утврди.“

Изјави професор Ванковска.
XS
SM
MD
LG