Достапни линкови

Едукацијата на полицијата причина за подобрување на откривачката функција


Од почетокот на овој месец министерството за внатрешни работи регистрираше неколку обиди за нелегален транспорт на седумдесеттина луѓе. Од МВР објаснуваат дека станува збор за подобрување на откривачката функција на надлежните, што не значи дека и претходно немало голема број на случаи на нелегален трансопрт на лица:

„Во текот на 2006 година од страна на МВР беа регистрирани вкупно 332 нелегални преминувања, што претставува пораст од 2,5 пати во споредба со лани,“

изјави Иво Котевски од МВР кој додава

„Најголем број од илегалните минувања се регистрирани на македонско албанската граница 2066, за разлика од 613 во 2005. Втора граница е границата кон Република Грција.“

Експертите посочуваат дека позијата на македонија мегудругото ја овозможува оваа појава:

„Географската позиција на Република Македонија овозможува легална и илегална миграција на луѓето и детектирањето на илегалното мигрирање е резултат на зголемената сензибилност на институциите што е во подем последниве години.“

изјави Коце Бачанов од Полициската академија. Тој објаснува дека зајакнатата функција за откривање на ваков криминал се должи и на зголемениот број на обуки за вработените во Министерството

„Се работи и завршен е турнус доста квалитетен за едукација на полициските службеници. Значи, едукацијата е овозможена преку прилично квалитетни обуки.“

Досега велат упатените повеке вакви случаи добиле судска разрешница, а како последни ги посочуваат Југ 1 во кој освен за шверц со мигранти стануваше збор и за луксузни автомобили и слично а го организираа 28 лица, и Југ 2 во кој стануваше збор исклучиво за шверц на мигранти, а го организираше 21 лице.
XS
SM
MD
LG