Паралалелно со започнувањето на дијалогот со Демократската Унија за интеграција во Собранието веќе еден месец траат разговорите меѓу владеачката ВМРО ДПМНЕ и опозиционите партии СДСМ и ЛДП. Промена на Изборниот законик за гласање на дијаспората, уставните измени за воведување на задолжително средно образование и собранискиот деловник, се темите кои што ги отвараат претставниците на работните групи од власта и опозицијата. И покрај тоа што разговорите започнаа пред еден месец, во опозициониот СДСМ и забележуваат на власта за неподготвеност, но велат дека е потребно време за да се постигнат резултати преку продолжува на дијалогот ќе продолжи.
„Навистина неподготвено и избрзано се дадени овие предлози, но сметам дека со продолжување на дијалогот и прифаќање на важни забелешки може да се постигне договор,“
истакнува Цветанка Иванова од СДСМ. Конкретно во оваа партија има начелна согласност за прашањата кои се отвараат. За воведвуање на задолжително средно образование, сеуште чекаат на пококретни анализи од власта. За изборниот законик со кои ќе и се овозможи гласање на дијаспората и Деловникот, во СДСМ исто така имаат одредени забелешки кои ги пренесува Иванова:
„Ние не сме против овие промени во изборното законодавство, но сакаме прецизни решенија во дискусијата по деловникот во Собранието ни остануваат најважните работи, а тоа е за ограничување на дискусијата во парламентот.“
И во Либерално демократскиот сојуз велат дека потребно е време за да се усогласат ставовите со власта, бидејќи двете страни имаат различни гледања за темите. Роза Топузовска Каровска од оваа партија истакнува:
„Некои ставови околу средното образование можеби ќе се приближат, иако ќе биде тешко. За деловникот може да најдеме заеднички јазик, ако некои решенија почнат да се применуваат од следниот мандат.“
На критиките за неподготвеност кои до власта ги упатува опозицијата, во владеачката ВМРО ДПМНЕ истакнуваат дека на сите прашања се одговара детално, а разговорите продолжуваат.
„Јас се надевам дека ако има добра волја кај опозицијата, лесно ќе ги приближиме ставовите,“
истакнува Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ.