Достапни линкови

Политичка пресметка или вистинска желба на владата?


Нотари, адвокати, функционери, пензионери – вкупно дваесетина, беа приведени кон крајот на годината поради сомневање за злоупотреба на службената положба. Инволвираност во корупциски афери, како Бачило, денационализација на земјиштето, урбана мафија. Експертите и јавноста со различни ставови околу епилогот:

„Не би рекол дека е политичка пресметка, затоа што сторените дела во одделни области поодамна беа познати, но се чекаше нивна реализација. Моја оценка би било дека се создадоа услови за да може да се поднесе барње до јавниот обвинител, кој ќе треба да одлучи дали ќе оди во кривична постапка, против кого и за кој кривични дела,“

вели Јован Трпеновски, член на анти корупциската комисија, кој смета дека реализацијата ќе зависи од времето и можноста за прибирање разни докази, за да може да се процедуираат случаите.

Џевдет Хајредини, во потезите на владата, гледа, како што вели, политичка пресметка, односно обид да се скријат сопствените намери за корупција:

„Таква е коалицијата. Тоа истото го направи 2000 година, прво притвори неколку директори, потоа ги рекетираше и никогаш никој од нив немаше никакви последици. Гледате дека помина месец и повеќе, ниту еден тендер не е урнат, пред цела јавност уриваат само по некој кат и мислам дека ќе остане на тоа, исклучиво политички пресметки.“

Според мислењето на граѓаните владата треба да се справи со криминалот и корупцијата. И тие имаат различни видувања околу последните приведувања:

„Апсења, бомбастично, ама за сега не видовме ништо. Луѓето можеби и не се виновни, а им се донесува пресуда веднаш.“
„Почна, ама дали ќе има завршница е прашање. Во секој од нас има организиран криминал.“
XS
SM
MD
LG