Достапни линкови

Голем настан, доколку се оствари


Од Римокатоличката црква во Скопје велат дека доколку се реализираат најавите на владата да се покани папата Бенедикт 16 да ја посети македонија, како и да присуствува на верската конференција што наредната година ке се одржи во Охрид тоа ке биде голем настан. Токму затоа додаваат оттаму дека не сакаат повеќе да коментираат. Претставниците на исламската верска заедница во земјава сметаат дека неговата посета ке придонесе за продлабочување на меѓу религиското разбирање. И покрај обракањето во Германија на папата Бенедикт 16 кое муслиманите го оценија како навредливо, од ИВЗ велат дека Ватикан укажал дека Папата немал цел да ги навреди верските чувтства

„Се работи за една врвна светска верска личност. Од друга страна, неговата посета ќе биде дел од планиранта верска конференција. Втикан најде сили и можности да каже дека Папата не мисли онака како што беше пренесено и решено и тој не е за заострување на односите со исламскиот свет, особено не за повреда на верските чувства на муслиманите.“

изјави Јакуп Селимовски од Исламската верска заедница кој додава

„Секоја ваква средба е во корист на мирот, особено во вакви региони.“

И од Македонската православна црква велат дека секоја средба може да придонесе за мегурелигискиот дијалог

„МПЦ никогаш немала проблем со Римо католичката црква и не гледам зошто би имало конфликт, но мислам дека поединци ќе имаат проблем. Сега за сега, се е во форма на претпоставка, кога ќе заземеме став ќе го кажеме.“

вели владиката Тимотеј член на Синодот на МПЦ. Засега од владата ниту потврдуваат, ниту демантираат дали и кога ке биде поканет папата Бенедикт 16.
XS
SM
MD
LG