Достапни линкови

Македонија не се приближува да ЕУ


Не забележавме напредок во ниту една област во земјата, велат повеќето граѓани неколку дена по објавувањето на годишниот извештај на Европската Унија.
Во нискиот стандард ја гледаат главната причина поради која Македонија не се доближува во Европа.

„Не напредуваме.
Не гледаме приближување. Далеку сме.
Побрзо се приближуваме од долната страна, со криминалот.
Нема ред, како во Европа.“


Ние сме виновни, оти проблемите не сакаме да ги решиме сами, велат граѓаните.
Сепак, некои од нив посочија области во кои мислат дека покажавме мал напредок.

„Овие што се образовните институции, приватните школи почнаа да се приближуваат со наставата.
Има нешто во економијата, приватниот цапитал, помали фабрики.“


Експертите велат дека има реформи со кои можеме да се пофалиме.
За Жидас Даскаловски од Правниот факултет во Скопје, реформите во две области заслужуваат да се истакнат како успешни.

„Реформата во децентрализацијата, значи Македонија од централизирана земја, трна во процесс на децентрализација, којшто ги препушта ингеренциите на локалните општини. Втората работа е дека Македонија гради мулти етничко општество.“

Граѓаните велат дека не постои институција во државата која би можела да се нарече европска. Тие додаваат оти се забележува развој во приватниот сектор, но дека сопствениците на приватните фирми не работат по европски стандарди.
XS
SM
MD
LG