Достапни линкови

Шенгенскиот ѕид не ограничува


Не не ограничувајте, дозволете да го оствариме основното човеково право на слобода на движење, не не гетоизирајте без можност да искусиме друга култура и други начини на размислување, не очекувајте да напредуваме и да се развиваме заробени во сопствената држава во шенгенскиот ѕид слично како некогаш Берлинскиот, кој ни го создавате. ,,Виза ај батали,, ова е мотото под кое членовте на повеќе младински организации како најпогодени, во Скопје со звуците од Суперхикс и уште неколку бендови, на улични протести го пренесуваат овој став како своевиден револт до македонската влада и претставниците на Европската Унија од строгиот визен режим со кој се соочуваат:

„Сакаме на оние европски иснтитуции кои што се присутни во нашата земја да им пренесеме дека македонската младина на еден начин е хендикепирана со тој визен режим.“

изјавува Драган Секуловски студент на Правниот факултет и претседател на Меѓународната асоцијација на европските студентски структури. А раскажувајќи едно конкретно искуство Драган се обидува да го објасни ,,стегите,, на долгата визна процедура поради која неможе да патува:

„Последното искуство се случи пред една недела. Јас преку меѓународната асоцијација на европски студентски структури - АЕЖ како член на таа организација, имаме два пати во годината во Брисел, Генерално собрание на кое што се собираат околу илјада делегати. Но, за жал оваа година не успеавме да извадиме визи и за жал немаше македонски претставници на Собранието.“

Слично искуство има и Ивана Наумовска од Унијата на средношколци:

„Проблеми се случуваат, дали во однос на чекање, дали во однос на документи, навремено добивање на документи кои ни се потребни итн.“

Но, поради сето ова не и забележуваат само на Европската Унија, ја потсетуваат и македонската Влада од која бараат да ги спроведе обврските кои од неа се бараат за укинување на визниот режим. Пораката до Владата гласи:

„Имаат три работи кои што нашата Влада треба да ги оствари, меѓу кои биометрички пасоши и дигитализирана царина.“

Изјавува Адмир Ѓерлек, претседател на Младите европски федералисти на Македонија.
До целосно укиниување на визниот режим за сите граѓани за што треба потполно да се исполнат реформите, од македонското министерство за надоворешни работи велат дека се работи барем на олеснување на визниот режим за одредени категории луѓе како студенти, научници, професори. Преговорите со Европската Комисија по неколку одложувања би требало да започнат кон крајот на месецов.
XS
SM
MD
LG