Достапни линкови

Демократите се надеваат на враќање на контролата на барем еден од двата дома по 12 години


Американците во вторник ќе избираат преставници за 435 места во Конгресот и една третина од 100 те месат во Сенатот. Републиканците на претседателот Буш во двата дома ја имаат контролата веќе 12 години, но сега опозиционите демократи се надеваат дека ке ја добијата контролата во едниот или и во двете тела на Конгресот, апелирајки до оние американци кои се лути на тоа како администрацијата се справува со војната во Ирак, економијата, но и други прашања како илегалната имиграција.

Во центарот на Вашингтон ДЦ постоји долга зелена зона која личи, но не е парк, туку пешачка зона Мел која поврзува многу од најпознатите споменици и музеи. Местото е секогаш полно со домашни и странски туристи, а американците кои доаѓаат од сите краишта на земјата од правата рака сакаат да ги видат националните институции како Конгресот, Врховниот Суд или или Трезорот. Токму тие ова место го прават одлично за политички муабети и тоа го искористи нашиот дописник Хитер Маер. Пред избори секој има свој став. На пример за Џени најголем проблем е федералниот долг.

„Буџетскиот дефицит се акумулира како резултат на финансирањето на војната во Ирак. Тоа им наштетува на социјалните прашања и на тоа треба да се обрне внимание во оваа земја.“

74 годишната Дот која со група пензионери во Вашингтон дојде од Алабама пак вели дека е време американците да се повлечат од Ирак.

„Јас дефинитивно го подржувам Претседателот Буш, но верувам дека дојде време да си ги повлечеме трупите. Мојот маж имаше 127 летачки мисии во Виетнам. Се сеќавам како со мали деца бев престрашена. И мразам кога овие жени минуваат низ истото. Затоа треба да ги донесемо дома овие млади момци. Време е.“

Ирак, економијата, емиграцијата се главни теми на овие избори за Конгресот. Во Вашингтон во пешачката зона нашиот дописник разговараше и со Бен од Калифорнија. Тој вели дека е конзервативец загрижен за прашања кои имаат врска со неговото срце и новчаникот. Затоа е вели не сака да слуша за загинати американски војници во Ирак и е загрижен за економијата.

„Претпоствувам дека мислам на следните 20 или 30 години од себична перспектива. Ако вредноста на доларот паѓа, ако дефицитот расте и економијата падне, цените на куќите ќе растат, каматите исто така, Кој знае?“

Дали изборот на регионалните преставници во Конгресот со поглед близок до сопствениот може да помогне. Сите гласачи мислат дека може. Но не сите дојдени во Вашингтон во таканаречениот зелен појас се гласачи. Има и такви кои велат дека нема да гласаат.

„Кога станува збор за демократите и републиканците. Се додека не се договорат на тимска работа – уморен сум од нив.“

Американците во вторник ќе избираат преставници за 435 места во Конгресот и една третина од 100 те месат во Сенатот.
XS
SM
MD
LG