Достапни линкови

Граѓаните велат дека не се доволно информирани за Законот


„Не сум запознаена, вообичаено го споменуваат законот за полицијата, но незнам нешто повеќе.“

„Не, незнам ништо.“


Вака одговораат граѓаните на прашањето дали се запознаени со тоа што ќе им овозможи и какви измени се предвидени со новиот Закон за полиција!? Тема за која жестоко се дебатира деновиве во рамки на Парламентот на чиј дневен ред е овој законски акт, а претходно претстојните реформи во полицијата што треба да ги овозможи законот беа „неисцрпно експлоатирани„ од страна на политичките партии искористувајќи ја во политичката реторика неговата главна цел, дека тој се носи за ,,за доближување на полицијата до граѓаните,,. За актуелноста на законот за полиција информираноста на граѓаните без исклучок меѓу сите што ги анкетиравме, завршува со нивната запознаеност со политичките дебати пренесени преку медиумите, а без да се знае поконкретно неговата содржина:

„Мислам дека би требало да се прават повеќе анкети за да се види дали се запознаени граѓаните или не.“

„Убаво е тоа што со законот е предвидено, полицијата да се доближи до граѓаните, ама еве една партија се согласува, друга не и неверувам дека тоа ќе се случи.“

„Не сум сретнал или прочитал некаде повеќе информации за законот.“


Потенцираат граѓаните кои токму затоа им порачуваат на надлежните дека не им е битно со колку години работно искуство ќе бидат началниците на Секторите за внатрешни работи кои треба да се формираат со законот, не им е важно ниту дали тие ќе бидат сконцентрирани во Струга, Охрид или Кичево, она што ги засега е следното:

„Прво се примени неедуцирани кадри. Второ има голема корупција, пријави, казни се ,,кинат,, и такви случувања. Поради тоа мора да се направи нешто со законот и да се стави крај на ваквите работи.“

Во Министерството за внатрешни работи велат дека јавноста имала можност да се запознае со законот преку неколку јавни настапи на поранешниот и сегашниот министер за внатрешни работи, а оттаму забележуваат дека поголеми активности ќе бидат преземени откако законот ќе се донесе, бидејќи како што велат можно е тој да претрпи некои измени.
XS
SM
MD
LG