Достапни линкови

Блискиот Исток, Иран и религискиот судир, главни теми во обраќањето на лидерите


Во Њујорк вечер ќе продолжат обраќањата на претседателите на држави и влади во рамките на 61-то заседание на Обединетите Нации. Првиот ден го одбележаа говорите на генералниот секретар Кофи Анан, американскиот претседател Џорџ Буш, претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад, а главната тема беше Блискиот Исток и иранската нуклеарна програма.

Погрешните стереотипи кои ја нагласуваат идејата за судир на цивилизации се зграбени од оние кои сакаат нова војна меѓу религиите овој пат на глобален план. Ова беше предупредувањето на Генералниот Секретар на Обединетите Нации Кофи Анан во неговиот проштален говор на генералното собрание со оглед што мандатот му завршува на крајот на оваа година.

„Ние се соочуваме со свет чии поделби и се закануваат на преставата, на идејата на Меѓународната заедница. И тоа се случува сега кога повеќе од кога било луѓето во светот формираат единствено општество.“

Деценискиот израелско-палестински конфликт, според Анан, креира најголем симболичен и емотивен набој и далеку од бојното поле и доколку овој конфликт не биде решен, во прашање е кредибилитетот на Светската Организација. Соединетите Држави не војуваат против Исламот изјави американскиот претседател Џорџ Буш:

„Ние го почитуваме исламот. Но ќе ги заштитиме нашите луѓе од оние кои го злоупотребуваат исламот и носат деструкција. Нашата цел е да помогнеме да се изгради толерантно и надежно општество за сите вери и за промоција на мирот.“

Буш им се обрати и директно на Иранците, велејќи дека нивната влада е најголема пречка меѓу нив и слободата. Режимот во Техеран рече Буш мора да ги напушти амбициите за нуклеарно оружје. Во обраќањето до генералното собрание на Обединетите Нации Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад во врска со нуклеарната програма рече:

„Сите наши нуклеарни активнопсти се транспарентни. мирољубиви и под будно око на Обединетите Нации. Зошто има противставување на нашето легално право да имаме нуклеарна енергија? Кои земји се противат? Земјите кои и самите имаат нуклеарно гориво и нуклеарна енергија.“
XS
SM
MD
LG