Достапни линкови

До крајот на годинава можна либерализација за некои категории граѓани


И покрај најавите посебно по усвојувањето во мај на мандатот за склучување на спогодба за олеснување на визниот режим и спогодбата за реадмисија од страна на Европската Комисија, сеуште без конкретни информации за тоа кога македонските граѓани ќе можат да се ослободат од ,,стегите,, на визниот режим. Без прецизни датуми но втората половина на годината е терминот за кој македонското министерство за надворешни работи очекува дека ќе ги започне преговорите за олеснување на визниот режим со Европската Унија, вели државниот советник за во македонското министерство за надворешни работи Јован Теговски:

„Интенцијата е преговорите да започнат во втората половина на оваа година, со оглед на тоа што во текот на разговорите со ЕК не дефиниравме некои серизони проблеми, па согласно тоа се очекува преговорите да траат кусо, па доколку почнат, да кажеме идниот месец би можело да се очекува да завршат до крајот на годината. Но, тоа независи само од Македонија, за почеток на преговорите потребно е земјите членки на ЕУ да го усвојат мандатот кој што е во процедура.“

Но, преговорите кои би започнале се однесуваат само на одредена група граѓани, како студенти, професори, бизнисмени, и тоа е само во делот на либерализацијата, а не целосно укинување на визите

„Ние ќе бараме во преговорите да бидат опфатени што повеќе категории на граѓани со тој режим, но ќе видиме што ќе биде понудено од ЕУ.“

Теговски уверува дека државава работи на исполнување на условите потребни за олеснување на визниот режим, новите пасоши, кои треба да почнат да се издаваат на почетокот од идната година, интегрираното гранично управување и договорите за реадмисија што досега се склучени со 19 земји членки на Унијата. Наспроти државните институции експертите од областа на меѓународната односи, велат дека не се прави доволно за на македонските граѓани да им се овозможи полесно патување низ светот, односно укинување на визите кои важат за нив.

„Досега лобиравме кај индивидуални членки, мислам дека е потребно воопшто една стратегија преку која ќе се лобира и преговара со сите членки.“

потенцира професор Димитар Мирчев. Македонија засега доби олеснување, во смисла на укинувањето на транзит визите од страна на некои европски земји.
XS
SM
MD
LG