Достапни линкови

Коментарите главно за ,,младите кадри,, во идната Влада


Првиот коментар на членовите на опозициониот Социјал-демократски сојуз откако вчера мандаторот Никола Груевски го објави предлогот за состав на новата Влада, се сведува на неколку критики во врска со младите кадри како Гордана Јанкуловска, која мандаторот Груевски ја предложи за прв човек на Министервото за внатрешни работи и Антонио Милошоски кој е предложен за Министер за надворешни работи:

„Она што мене ме зачудува е изборот на министри за внатрешни и надворешни работи, особено ако се знае моменталната состојба на Балканот, решавањето на статусот на Косово и импликациите што може тоа да ги предизвика, и мислам дека има премлади министри, кои можеби се квалитетни и талентирани, меѓутоа се премлади и неискусни министри.“

Вели Есад Рахиќ член на СДСМ. Тој и со забелешка во врска со експертските имиња кои се предложени за членови на новата влада:

„За госпоѓата која доаѓа од невладините огранизации, а сега влезе како министер мислам дека тоа лошо ќе се одрази врз работата на невладините организации.“

Од опозиционата ДУИ која веќе седми ден протестира и ги блокира патиштата низ цела северозападна Македонија велат дека воопшто не сакаат да коментираат:

„Наш став е дека ДУИ нема да прифати како опозициона партија бидејќи ние сме победници кај албанскиот електорат. Новата влада не би ја коментирале.“

Вели Рафиз Алити потпретседател на ДУИ.
Епертите пак, коментираат дека предлог сотавот на манадатор е спој од луѓе блиски до него и успешни имиња во странство и дека тој факт ги изразува и амбициите на идниот премер:

„Директно да ја има под контрола состојбата во Владата, со тоа што ги назначува неговите најблики соработници и втората негова веројатна опција е таа да се промовира економската состојба преку ангажирање на кадри кои се успешни во светот. Другите министерски места се од други партии и тој тука нема да може многу да влијае.“

Вели политиколог Жидас Даскаловски и додава дека младоста на кадрите не би требало да преставува проблем, но во период на престојното решавање на статусот на Косово сепак како што вели, е потребно и поголемо искуство:

„Ако се земат в предвид тие фактори, малку е тешко сватливо решението во МВР да биде министер, една млада дама.“

Новите предлог министри имаат уште 10 дена пред и официјално доколку Собранието им даде подршка да седнат во владата и почнат да се справуваат со проблемите. Според законот парламентарниците гласаат за избор на новата влада десет дена откога предлогот ќе биде доставен до Собранието. Според вчерашните изјави мандатарот Груевски тоа го сторил синоќа.
XS
SM
MD
LG