Реагиравте на изјавата на премиерот за независно Косово, може ли да се каже дека има криза во коалицирањето меѓу ДПЦ и СДСМ?
Не гледам зошто една реакција би предизвикала заладување или промена во коалиционите односи. Промена или заладување може да предизвикаат само нерешени прашања помеѓу нас во однос на почитувањето на постигнатите договори. Ова е само еден дел во кој јас си ја бранев сопствената позиција, за разлика од претседателот на владата, односно претседателот на СДСМ кој бранеше спротивна позиција, во спротивност на нашиот претходен договор.
Значи, претходно имавте договор?
Во договорот меѓу СДСМ и ДПЦ прецизно се забележани неколку работи, една од нив е почитувањето на принципот на неменливост на границите и почитување на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
Што мислите дека тука е прекршено?
Со длабоко разбирање на положбата на Република Македонија и разбирање дека скоро една четвртина од населението се Албанци, неколку пати ги премолчевме таквите најави или таквото однесување на претседателот на Владата, но затоа што тоа повеќепати се повторуваше моравме да реагираме и да укажеме дека претседателот на Владата го прекршил договорот кој го има со ДПС во Македонија и не доведе во сосема незавидна положба да бидеме соучесници во една таква политика, за која длабоко цениме дека е против нашиот народ и нашите национални интереси.
Се ближат парламентарни избори, како ќе се позиционирате?
Прелиминарно се направени некои разговори. Меѓутоа, разговорите во однос на коалицирањето ги диктира најголемата партија и доколку СДСМ смета дека сеуште нема потреба за некои покрупни разговори, ние тоа го прифаќаме, но тоа не значи дека седиме со скрстени раце. И во изминатиот период го почитувавме принципот кој важи за сите помали партии, а тоа е да бидеме сигурни партнери, незгодни сојузници, па ако треба и лути противници.
Српското гласачко тело во Македонија е релатвно мало. Колкава е вашата улога во донесувањето политички одлуки?
Бирачкото тело може да биде многу мало, но влијателно во политичкиот живот во Република Македонија од повеќе причини: прво, станува збор за најобразувана национална заедница во Република Македонија и повеќе деценискиот заеднички живот меѓу Србите и Македонците.
Значи, верувате дека вашата позиција во владата е важна?
Ако на изборите 98 една ДПС успеала сама да добие 20 илјади гласови во Република Македонија, во сегашната ситуација сметам дека тој број е многу поголем. Тоа може да го провериме. Ако СДСМ смета дека не му треба ваков коалиционен партнер може да избере друг, тоа важи и за нас. Коалицијата не е прашање на допаѓање туку прашање на интерес.
Што барате од СДСМ?
Ние не сме заинтересирани да бидеме декор во политичкиот живот. Ние не сакаме да се шлепаме зад успешните одлуки, како што не сакаме да носиме одговорност за неуспешните, тоа беше досегашниот принцип.
Како ќе се одрази евентуалната независност на Косово на Република Македонија?
Основата на нашата реакција беше дека ниту претседателот на Владата може да му донесе независност на Косово, ниту ДПС не може да го спаси Косово. Јас сметам и тврдам дека не е интерес на Република Македонија да дојде до промена на границите, ако некој го тврди спротивното може да излеземе на било која јавна трибина и да разговараме. Или се манипулира дека поголем број на Србите што живеат во Србија би ја прифатиле независноста на Косово, отколку Македонците, сега каде е тука разликата? Тоа е што веќе Косово за Србија не е под нивна јурисдикција, и тие имаат сосема реален пристап во однос на идниот статус на Косово.