Достапни линкови

Секогаш има простор за повеќе напори за заштитта на човековите права


Во областа на човековите права секогаш има простор да се направат повеке напори за нивна заштита посебно во земји како Македонија каде во тек се реформи, оценува стручната јавност коментирајки го извештајот на Стејт департментот во кој се вели дека владата главно ги почитува човековите права, но оти има проблеми во одделни области. Се посочува - полицијата злоупотребувала права посебно во случаи на апсење и притворање, корупција во полицијата, политички притисок врз судството и слично.

„Проблемот кај нас е во тоа што не се јасни ниту процедурите, ниту критериумите според кои се вреднува, ниту пак индикаторите според кои се препознава дали она што е прокламирано се случува како што треба. Ние имаме проблем внатре во земјата и тоа ни се рефлектира во редица домени, па и во почитувањето на човековите права. Дали постои простор во таа насока, дефинитивно да, може работите да бидат не малку, туку многу подобри,“

изјави Панде Лазаревски директор на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања.

Од МВР истакнуваат дека тие постојано работат во насока на намалување на ваквите појави. Горан Павловски вели:

„Реално не постои држава каде што нема случаи прекумерна употреба на сила. Многу поважно е дали МВР има волја да се бори против ваквите случаи. Досегашниот прогрес и резултати на Секторот за внатрешна контрола покажуваат дека МВР вложува многу во заштитата на граѓаните.“

Не може да се каже дека има некоја област што е имуна на оваа појава, коментира Мигхајло Маневски претседател на Државната антикорупциска комисија во однос на констатацијата дека во полицијата има корупција:

„Прво, мислам дека тешко може да се говори за имуност на некоја област од корупција, затоа што таа е распространета во многу области и нема област каде што нема одреден степен на коруцпија. Што се однесува до комисијата, немало случај во минатите три години по којшто државната комисија расправала.“

Политичкиот притисок врз судството најверојатно ке се надмине со реформите

„И реформите го направивме за да добиеме независно тело кое ќе врши избор или разрешување на судиите за да се спречи политичкото влијание на изборот на судиите,“

изјави Дане Илиев, претседател на Врховниот суд.
XS
SM
MD
LG