Опозиционите партии во земјава поднеле повеќе предлози и барања до Министерството за правда, за прочистување на единствениот избирачки список, по пресметките на партиите дека во него има голем број нерегуларности.
Политичките партии од опозицијата сметаат дека пред секои избори во избирачкиот список се појавуваат истите проблеми со бројот на фиктивни гласачи, поради проблемот со регулирање на бројката на иселениците, проблемот со заведувањето на едно лице по најмалку два пати во списокот и бројот на починатите лица. Според пресметките на ВМРО ДПМНЕ во списокот постојат најмалку 105 илјади фиктивни гласачи кои треба да бидат прочистени.
„Според пописот од 90 година има 155 илјади иселеници, а сега бројката е 50 илјади, значи испаѓа дека 105 илјади лица се вратиле во Македонија. Јасно е дека трендот на иселување е голем, така што нешто не се поклопува со официјалните податоци од пописот и избирачкиот список,“
вели Зоран Трајчевски од ВМРО ДПМНЕ вклучен во Комисијата за ажурирање на списокот која два пати досега оствари средба со Министерството за правда. Во ВМРО Народна со слични предлози за прочистување на избирачкиот список. Благица Новковска, претставник на оваа партија вели:
„Сметаме дека бројот на лицата отсутни во странство до една година е многу поголем, но никаде не е кажан.“
И Исмет Рамадани од ПДП ги презентира забелешките на оваа партија:
„Се случува понекогаш и тие што не се живи да се наоѓаат во избирачкиот список.“
Дел од овие предлози и барања на опозицијата од владељчката СДСМ велат дека ќе бидат земени в предвид, но според нив споредување на податоците од пописот со оние од списокот, нема да има:
„Сите оние предлози кои ќе бидат поднесени, а се во прилог на прочистување на избирачките списоци ќе бидат земени предвид. Но, нема да се прифати споредување на избирачкиот список со податоците од пописот, зашто тоа се различни методологии.“
изјавува Цветанка Иванова член на работната група за изготвување на изборниот законик.
Бидејќи досега не наишле на разбирање околу нивните предлози и барања, политичките партии од опозицијата предлагаат во решавање на проблемот со избирачкиот список да биде вклучена и меѓународна заедница.