Достапни линкови

Домашните експерти посочуваат елементи што треба да се променат


Освен реформите што треба да се спроведат во судството, државната администрација, борбата против корупцијата и слично, Европската Унија бара и промени во изборното законодавство и тоа пред се во насока на професионализација на телата што ги спроведуваат изборите. Во јавноста можат да се слушнат различни размислувања и барања кои се движат од мали промени во изборната регулатива до целосна промена на изборниот модел. Експертите од областа на изборите, посочуваат неколку елементи што треба да се променат:

„Растеретување на елементот на партизација на изборните органи. Треба да биде реални со оглед на досегашната клима во Македонија, неможе да се избегне тоа сосема, можеби на крај повторно ќе останат не лица кои на пример работат во администрацијата или пак професионално би се ангажирале во изборните органи, туку ќе има и партиски претставници и понатаму. Тука мислам дека круцијална е улогата на судиите. Една од сугестиите на ОБСЕ е самиот избор на судии да не оди по препорака од партиските централи, туку да се спроведува според ждребка. Освен тоа интересна е сугестијата да има во избирачките одбори и претставници на женскиот пол, бидејќи знаеме дека во некои одредени средини тоа оди потешко.,,

Изјави Наташа Габер од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. Во земјава досега вообичаено изборната регулатива се менува непосредно пред изборните циклуси. Според постоечките правила претседателоте на државата и градоначалниците се бираат според мнозински модел, а пратениците и советниците во општините според партиски листи, а не за поединци. Од невладината организација МОСТ која од 2002 година па досега ги следи сите процеси на изјаснување на граѓаните, се надеваат дека сега може конечно да се случи заокружување на изборните правила.

„После донесувањето на овој документ треба да се избегне праксата на менување на изборната регулатива пред различните изборни циклуси, исто така е потребна политичка воља од страна на сите учесници во изборите, а тоа е имплементација на одредбите од овој документ.“

Изјави Дарко Алексов, претеседател на МОСТ.
XS
SM
MD
LG