Достапни линкови

Расте загриженоста од можна епидемија


Расте загриженоста во светот од можната епидемија на птичји грип. Во минатата недела Обединетите Нации предупредија дека овој грип би можело да мутира во форма која би била убиствена за милиони луѓе, особено во Азија. Деновиве американскиот претседател Џорџ Буш во Конгресот соопшти дека во случај на епидемија ќе побара од армијата да обезбеди карантини. Во меѓувреме, американските научници открија дека последниот поголема епидемија на грип која во почетокот на минатиот век однесе над пеесет милиони животи, била предизвикана од птичјиот грип кој почнал да се пренесува меѓу луѓето.

Не е прашање дали, туку кога птичјиот грип ќе прерасне во убиствена епидемија, вели доктор Дејвид Набаро од Обединетите Нации. Според него, грипот би можело да убие над сто и пеесет милиони луѓе.

„Епидемијата по се изгледа ќе биде предизвикана од мутант на вирусот што сега го предизвикува птичјиот грип во Азија и кој досега резултираше со седумдесет луѓе.“

Забелешките на Набаро беа премногу застрашувачки за за Светската Здравствена Организација па, нејзиниот портпарол Дик Томсон соопшти дека оваа организација предвидува дека од грипот би можело да умрат од два до седум милиони луѓе во светот.

„Постојат повеќе мислења на експертите за бројот на можните жртви доколку епидемијата се прошири меѓу луѓето. Доктор Набаро даде свое мислење како експерт. Се се само претпоставки. Никој не знае и ние не ќе знаеме колку таа епидемија ќе биде смртоносна пред да започне.“

Сегашниот проблем всушност е во тоа што никој не знае. Како и да е, експертите веруваат дека светот заостанува зад секаков вид на епидемија, а не само за птичјиот грип. Доктор Алберт Остерхаус од Холандскиот институт за вируси во Ротердам вели:

„Ризикот е реален. Во минатиот век, видовме три големи епидемии на грип во кои загинаа милиони луѓе. Не постои причина зошто тоа да не се случи повторно. Имено, она што сега се случува со вирусот на птичјиот грип многу не обесхрабрува.“

Од две илјади и третата година досега од птичјиот грип загинаа седумдесет луѓе. Последната жртва ја однесе неделава во Виетнам. Птици заразени со овој вирус веќе се пронајдени во делови на Русија и во Европа.

„Станува збор за глобално прашање, не само за азиско. Се фокусираме врз целиот свет.“

вели Набаро. Во наредниве недели во Австралија е закажана меѓународна конференција за заштитата од птичјиот грип. Деновиве и американскиот претседател Џорџ Буш обелодени дека Белата Куќа презема специјални подготовки за спречување на ширењето на евентуалната епидемија.
XS
SM
MD
LG