Достапни линкови

Балканот влегува во турбулентен период


Целиот регион влегува во турбулентен период, и ќе треба многу мудрост во земјите поеднечно за да се справат со предизвиците во решавањето на отворените прашања, вели професор Биљана Ванковска коментирајќи ја состојбата во регионот, поврзана со претстојните преговори за решавање на статусот на Косово, редефинирањето на Српско црногорската заедница, па се до ново настанатата ситуација во односите мегу Македонија и Србија на чија површина е спорот околу црквите, а кој добива политичка димензија.

„Ова е многу лош момент затоа што целиот регион се наоѓа во фаза на рефедефинирање, статусот на Косово, како и редефинирање на внатрешниот статус на Унијата на Србија и Црна Гора и сега ова дава повод за шпекулации дали Македонија станува некој вид заложник на претстојните случувања, и се на се не наликува на регион што се извлекува од кризата,“

вели Ванковска. Историските проблеми на балканските простори од кои сеуште се немаме ослободено, вршат пресија врз тековните настани и постојано ги враќаат овие земји во минатото кои неможат да опстанат без посредство од мегународната зедница, додава пак аналитичарот Хисен Рамадани.

„Во овој регион недостасува волја за искреност да се признае и прифати новата реалност. Во овој случај и во Македонија, нејзината државност. Сеуште недостасува култура на совпадноста, на меѓузависноста на интересите на балканските народи. Затоа во создавање на новата позитивна политичка волја за трајно решавање на споровите е потребна и позитивна улогата на меѓународниот фактор и асистенција дури и во контролирањето на можните конфликти.“

Сите овие отворени прашања заклучува на крајот професор Ванковска пак, секако може да имаат влијание на кревката безбедносна состојба и врз евроинтеграциите на регионот.

„Секоја од овие земји се колне во оддаденоста на европските принципи, но во пракса никако да почне да ги применува. Освен тоа, трошењето на општествена енергија и фрустрација на вакви прашања не одвлекува од вистинските проблеми на овие држави. Тоа може да биде хендикеп во она што значи европска интеграција.“
XS
SM
MD
LG