Достапни линкови

Донација од ЕУ од 115 моторни возила


Донацијата од 115 моторни возила до Македонската гранична полиција од страна на ЕУ е во насока на приближување на Македонија кон европските стандарди во однос на граничното управување. Полицијата е доволно кадровски екипирана, а се работи и на нејзина техничка екипираност, информираат од граничната полиција на Министерството за внатрешни работи.

„Обврските од АРМ ги земавме ние за исполнување на тој стандард, основен за влез на Македонија во ЕУ, значи, контрола на границите од страна на полицијата,“

вели Елизабета Петковска, портпарол на граничната полиција додавајќи дека и екипираноста на граничната полиција е во тек, а во текот на изминатата година таа ги превзела граничните премини кон Грција, Бугарија, СЦГ и делот кон Косово.

„За преземање на делот кон Албанија предвиден е месец септември. До тогаш треба да се заокружи преземањето на целата контрола на границата,“

вели Петковска, потенцирајќи дека на граничната полиција И недостасува техничка опременост.

Според Едмонд Адеми од Европската агенција за реконструкција донацијата од моторни возила е досега најголемата логистичка поддршка што пограничната полиција ја има добиено, а е во вредност од околу три милиони евра.

„Македонија е првата земја од Западен Балкан што развива стратегија за гранично обезбедување во согласност со Шенген правилата,“

изјави Адеми, истакнувајќи дека либерализацијата на визниот режим подразбира подобра опременост на полицијата која ќе ги менаџира сограниците, а тоа значи приближување на Македонија кон стандардите на ЕУ.

Ова не е прва донација на граничната полиција. Досегашата помош од меѓународните организации е искористена за компјутеризација на граничните станици и премини, а добиените возила се користат за извршување на секојдневните активности испречување на граничниот криминал.
XS
SM
MD
LG