Достапни линкови

Продолжија меѓусебните обвинувања во врска со Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот предизвикувач за трката во Белата Куќа демократскиот сенатор Џон Кери и во второто директно телевизиско соочување ги продолжија меѓусебните обвинувања во врска со Ирак, со борбата против меѓународниот тероризам и со напорите за спречување на ширењето на нуклеарното оруже во светот. Според Кери, претседателот Буш, со тоа што бил преокупиран со војната во Ирак им дозволил на Северна Кореа и на Иран да ги развијат нивните програми за нуклерано оружје. Кери смета дека Иранската нуклеарна програма е огромна опасност и затоа најавува дека, доколку стане претседател, ќе биде цврст спрема оваа закана.

„Ќе го водам светот во најголемиот напор против неширењето на оружјето. И ако треба да бидеме црвсти со Иран, верувајте ми, ќе бидеме.“

Буш, од своја страна ја бранеше неговата минатогодишна одлука да го нападне Ирак и покрај тоа што во таа земја не е најдено оружје за масовно уништување

„Не бев среќен кога откривме дека во Ирак нема оружје и затоа постои разузнавачка група која треба да открие зошто е тоа така. Но Садам Хусеин беше единствен закана и сега светот, без неговиот режим, е подобар.“

Кери пак, го обвини Буш, дека го напарвил светот поопасен и со тоа што средствата наместо да ги троши во потрагата по лидерот на Ал Каида Осама Бин Ладен ги пренаочил за војната во Ирак.

„Доколку употребевме мудра дипломатија ќе можеше да заштедиме двесте милијарди долари за инвазијата врз Ирак и сега Осама бин Ладен би можело да биде во затвор или убиен. Тоа ли е војна против тероризмот.“

Изјави Кери за кога пак Буш, како што рече, не верува дека ќе успее во Ирак и оти ќе ги направи Соединетите Држави побезбедни.

„Не мислам дека мојот опонент има исправен поглед за тоа како да не направи безбедни. Навистина не верувам дека ќе успее во Ирак, а доколку таму не успее, таа земја ќе стане рај за терористите. Не мислам дека ќе победиш во Ирак ако воопшто не веруваш дека ние треба да бидеме таму.“

Според последните испитувања на јавното мислење, двајцата кандидати се во тесна трка за иден претседател на Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG