Достапни линкови

Владата треба да ги заштити судиите


Недостатоците во македонското судство се присутни и тоа упатува на забрзување на реформите на тој систем. Според Драган Атанасовски, заменик претседател на УО на адвокатската комора, за да има ефикасно судство, борбата против корупцијата мора да претставува негов составен дел:

„Бидејќи корупцијата сама по себе не може да се справи било кој со неа, ако нема една општа борба против неа. Имено, реформите се нужни во сите сегменти, како во судтвото, така и во обвинителството и адвокатурата.“

Неодамна јавниот обвинител Александар Прчевски, во врска со посочувањата во јавноста за присуство на корупција во работата на судовите, рече дека до сега не се поднесени кривични пријави за корумпираност на судии, туку за злоупотреба на службената должност, Атанасовски во таа насока вели:

„Корупцијата е тешко доказливо дело. Од друга страна, злоупотребата на судската функција постои, но знаете како, корупцијата и злоупотребата се многу блиски. Постојат такви работи и треба да се локализираат и да се пресечат. Но, на потег се сите институции, прво судот, којшто навистина треба да каже дека во своите редови има проблеми и да ги лоцира. Потоа, тука е обвинителот којшто сите сознанија треба да ги провери и собере докази и да гони и секако тука се адвокатите, коишто треба да му помогнат и на судот, а и на обвинителот, да ги кажат, таквите девијајнтни појави, да ги дадат доказите и тоа да се елиминира.“

За да се обезбедат реформи во судството, според Атанасовски, од друга страна, обврска на владата е да обезбеди заштита на судството и на судиите од притисоци:

„Апсолутно тука треба да се посвети поголемо внимание, бидејќи судијата навистина треба да е неприконсовен во елиминирање на сите видови притисоци врз него. Во секој случај, притисокот си има свое влијание.“

Според него:

„Притисоците пред се, се од разни интересни групи и политички интересни групи и разни финсниско криминални групи коишто вршат притисоци врз судството, така што, на тие две места посебно има притисоци кон судиите за конкретни предмети, да бидат судени или досудувани или да бидат ослободувани од казна.“

Со други зборови, проблемите во судството се меѓусебно поврзани и едните продуцираат други проблеми. За нивно решавање, според него, реформите треба да се одвиваат на повеќе нивоа.
XS
SM
MD
LG