Достапни линкови

Познати повеќето кандидати


Во СДСМ сеуште не ги објавуваат имињата ниту бројката на предложените кандидати од општинските организации за можен претседателски канидат од редовите на оваа партија, кој ќе биде познат во среда

„Денеска е крајниот рок да се достават до централата во Скопје. Дополнително ќе биде закажана седница на претседателството, каде што ќе бидат анализирани и предложена конечната листа, утврдени конечните предлози кои ќе бидат предложени на централниот одбор во Среда, а подоцна ќе се одржи и конвенцијата”

изјави портпаролот Борис Кондарко.

Кандидатите од останатите политички партии веќе се познати. ВМРО ДПМНЕ денеска на партиската Конвенција се очекува да ја потврди претседателската кандидатура на Сашко Кедев. ДУИ во коалиција со ПДП на претседателските избори ќе ги преставува координаторот на пареничката група на ДУИ Гзим Острени, ДПА лидерот Арбен џафери. Како претседатеклски кандидати пријавени се уште три лица, екс министерот за внатрешни Работи Љубе Бошковски, Митко Христов и Бранко Јаневски.

Потребните 10 илјади потписи досега ги собраа претседатеклскиот кандидат на ДПА Арбен Џафери и Љубе Бошковски. Инаку постапката за собирање пописи трае до 24 март, а нивната законитост треба да ја утврди Државната изборна Комисија. Кампањата ќе започне на 30 март и ќе трае заклучно со 12 април.

Претседателските избори во земјава ќе ги следат странски и домашни наблудувачи. Опозициската ВМРО ДПМНЕ веЌе побара од мисијата на ОБСЕ да испрати најмалку ист број наблуувачи како и на парламентарните во 2002 година:

„Се сомневаме во чесните намери на СДСМ да организира фер и демократски избори, а тоа го базираме на тоа што едноставно отсуствуваат консултации со опозицијата."

Изјави портпаролот Влатко Ѓорчев. 2002 парламентарни избори во Македонија ги следе 750 странски наблудуивачи. Нивниот бој на престојните претседателски сепак ќе биде значително помал:

„Ние побаравме 250 наблудувачи за изборите во македонија. Барањето го уптивме до сите земји ленки на ОБСЕ.Ти ќе пристигнат во земјата неколку дена пред изборите и ќе останат околу 7 дена, а нардниве денови се очекува да пристигнат огорочните наблуувачи,"

изјави портпаролот на ОДИХИР, Ирдур Гунерсдатир.
XS
SM
MD
LG