Достапни линкови

МЦМС се обидува да ги врати во општеството оние кои се бореа, а не добија ништо


И по повеќе од две години од завршувањето на воениот конфликт во земјава, процесот на ресоцијализација на директните учесници во кризата и од двете страни, иако е предвиден и со Рамковниот договор, сеуште не е отпочнат. Револот кон државата кај поранешните борци и од едната и од другата страна е огромен, и според експертите заради насобраниеот револт во себе, тие преставуваат потенцијално опасна маса, која во секој момент може да ескалира. „Бевме директно изложени на ризик, некои од нас завршија и со повреди, а за возврат не добивме ништо“ велат поранешните припадници на македонските безбедносни сили кој постојано се излезени пред државните институции, во обид да се изборат за своите права.

„Бевме две години таму, а сега ние сме на улица, а примаат некои нови луѓе, што немаат ни врска ни војска не служеле, а ги примаат како полицајци.“

„Не отидовме партиски, отидовме затоа што Македонија имаше потреба од нас, и додека некои од мажите ги избегнуваа своите обврски, ние како жени, настапивме храбро да ја браниме нашата држава. После револт, да 11 месеци сме без никакво примање. Додека секаде во светот бранителите имаат права и ги уживаат своите права, ние од нашата држава сме отфрлени.“

„Нека најдат средства да не транспортираат од оваа држава, ако сметаат дека сме вишок и терет на државата.“


„Инволвирањето на поранешните борци во општествените процеси отсуствува, тие се чувствуваат изманипулирано, односно како губитници бидејќи за разлика од оние кои го командуваа целиот процес и кој сега седат во власта, директните учесници во воениот конфликт не добија ништо,“

вели Сашо Клековски од Македонскиот центар за мегународна соработка, организација што во моментов е единствената институција која стартува со проектот за ресоцијализација на овие лица:

„Станува збор за веќе социјално исклучени луѓе, коишто се вклучиле во тие борби очекувајќи дека прават нешто за општото добро и дека со тоа ќе се подобри делумно и нивната позиција. Меѓутоа, по завршувањето на борбите, се случува добивките од конфликтот се дистрибуираат на оние што биле врвни лица, а оние што биле обични учесници остануваат надвор од било какви добивки и треба да се води сметка и за обичните луѓе, како повторно ќе бидат вклучени во сите овие работи. За да не ни се случи, не знам, најголем дел од тие луѓе сеуште имаат оружје или имаат пристап до оружје и нивната асоцијализација да не стане штетна по општеството.“

Процесот на нивно враќање во општествениот живот, за почеток подразбира организирање пред се на едукативна настава за овие лица.

„Обуки за класични вештини, компјутерски вештини, англиски јазик или други вештини потребни за наоѓање работа,“

потеницира Клековски.
XS
SM
MD
LG