Достапни линкови

Деструктивните расправи во парламентот не се нова појава


Деструктивните расправи во Собранието не се нова појава вели политикологот Мерсел Билали коментирајќи ја последната расправа за реконструкцијата на владата во Собранието која траеше цели три дена:

„Не е реално цел ден да се расправа за тема. Мислам дека целта е да се докаже дека или власта не чини или обратно, власта да докаже дека опозицијата не чини. Мислам дека тоа е деструктивно функционирање веќе подолго време. Таквата лошата состојба е резултат на лошата политичка состојба во самите политички партии и мислам дека тешко ќе се извлече од кризата.“

За професорот Саво Климовски поранешен претседател на Собранието опозицијата било каде во светот гледа ја обструира работата на парламентот:

„Вие не можете да им го ограничите правото да зборуваат, освен со деловникот да кажете дека, на пример, шефот на парламентарната група може да говори толку и толку време, а на другите им се ограничува правото на говорење. Па, во тој случај да се скрати времето и на крајот на краиштата се сведува на гласање. Но, не можете на опозицијата да и го одземете правото да ја критикува владата. Тоа е единствен начин да се самопрововира.“

Додека според Мерсел Биљали потребна е реконструкција на системот.

„Мислам дека во прашање е нефункционалноста на нашиот систем. Не е во прашање реконструкција на владата, мислам дека е потребна реконструкција на системот. Мора да се изградат нови функционални вредноси и институции кои ќе даваат резултати. Вака како што функционираат постојните институции, тоа не е само деструкција туку и одење назад на сите процеси.“

Дури и во некои парламентарни демократии со многу подолга традицја појавата на обструкција во Собранието трае и со недели, вели Саво Климовски:

„Тие си читаат книги, да речеме 24 часа чита. До таму одат тие работи. Таа опструкција е позната, а владата секогаш треба да внимава, да не и даде шанса за таква опструкција.“

Во секое паметно општество при вакви состојби како што ги Има во Македонија барем научно ќе почнеше некоја јавна расправа за промени во системот но кај нас потребно уште многу време, вели политикологот Билали:

„Оставам граѓаните, по некоја случајниост, да созрева кај нив свеста, или здруженијата на граѓаните, па да вршат притисок да се наметне такво решение.“
XS
SM
MD
LG