Се соочуваме со проблеми при обработката на пописните резултати, нерегуларноста е поочигледна во реоните во кои е доминантно албанското население, но според механизмите на заштита, воопшто не треба да се стравува дека пописните резултати ќе покажат состојба која не е реална за државава, изјавуваат во Државниот Завод за статистика, на само два месеци од објавувањето на дефинитивните резултати од пописот.
„Има доста недоволно пополнети обрасци во гостиварскиот регион, има во сите пописни реони во Скопје, Струга, Куманово, Кичево каде што се поизразени. Инаку, ги има и во другите пописни реони, меѓутоа овде е малку поизразено. Меѓутоа, повторно се проверуваат сите овие случаи и она што треба да биде предмет на попис, ќе биде предмет на попис, она што не треба да биде ќе биде исклучено.“
вели Апостол Симовски раководител на Секторот за обработка на пописниот материјал.
Со вжештувањето на атмосферата пред објавувањето на резултатите од пописот, дел од политичката јавност во земјава го обвини Заводот за статистика дека тактизира со објавувањето на податоците, чекајќи го изготувањето на Законот за локална самоуправа со кој е предвидена и нова територијална подлеба. Одговорот од таму е.
„Не не ни случајно, иако се шпекулираше дека овој рок за обработка е долг, тој е скратен на половина од тоа што беше предвидено. Очекуваме до крајот на ноември да можеме да излеземе со конечни резултати, а секое скратување ќе биде во наш интерес и ќе се радуваме ако биде така. Правиме напори да успееме во тоа, ако успееме да скратиме некој ден ќе бидеме прво ние тие што ќе бидат најсреќни, а се надевам и целата македонска јавност.“
На крајот Симовски потенцира:
„Нашата цел е максимално професионално да ги обработиме пописните материјали. Без никакво влијание од страна на било кого, вклучувајќи ги и политичките субјекти.“
При објавувањете на првите дефинитивни податоци, јавноста ќе биде запознаена со бројот на домаќинствата, становите, а во рамки на бројот за населението ќе бидат презентирани и податоците за демографската и етничката структура за населението.