Достапни линкови

Навидум идила преку ден, навечер опасно


Навидум идилична во текот на денот со многу зеленило, паркови и врвулица од луѓе од различни националности со впечатливи контрасти на измешано шаренило од мали колонијални дуќани, ќепабчилници, чајџилници меѓу кои се наоѓаат и неколку современи администартивни згради како што е таа на поштата а наспроти која трговците нудат и продаваат бостан, но и техничка стока од Турција, скопската населба Чаир во вечерните часови се претвора во локација која скопскиет таксисти ако може да бираат би ја заобиколиле.

„Сигурно е дека стравувам. Гледате што се случува, во последниве пет месеци колку невини луѓе имаат настрадано.“

Ризчино е да се поминува овде ноќе се согласуваат жителите на оваа населба каде речиси секоја ноќ може да се слушнат поединечни или рафални истрели од огнено оружје. Така е веќе две години по завршувањето на воениот конфликт во државата коментира еден староседелец во разговорот со неговите пријатели во еден од локалите спроти улицата „Џон Кенеди“

„Женет сум имам деца, не смееш да седнеш навечер, поминуваат возила и се пука.“

„Едно време сме живееле како што треба. Меѓу нас што живееме и сега нема проблеми. Проблемите се знае меѓу кои се...“

„Крадци има, криминал колку сакаш, тоа треба да се среди.“

„Имам пријатели што живеат од другата страна, многу се плашат да поминат, да дојдат на гости навечер од оваа страна на Вардар. Им кажувам дека не е тоа - тоа. Ама, доволно е еден ваков инцидент како пред некој ден и готово, луѓето веднаш добиваат поинаков впечаток за оваа страна.“


Некогаш во Чаир се живееше многу мирно и добро се сеќава една средовечна жена.

„Порано како живеевме, јас како девојка во Бутел 2 живеев, страв немав, ноќе се враќав доцна, но не се плашев.“

Така беше до пред само неколку години, но по војната во Македонија синдромот на страв особено е присутен овде на левата старана од Вардар раскажуваат во еден тон жителите на Чаир, Македоци и Албанци.

„Се плашиме, како не се плашиме, за сите е исто, ама кој не прашува.“

Стојан со неговото семејство живее во оваа населба многу години во куќата што ја изградил неговиот татко. Тој забележува оти поради стравот многумина негови соседи Македоции палнираат да заминат да живеат на друа локација во Скопје. Но, тој не се согласува со оправданоста на таквите намери.

„Нема никакви притисоци, но од општата ситуација, луѓето продаваат, се плашат.“

Тој укажува оти она што е потребно е полицијата да биде поприсутна на оваа локација. И не само тоа, туку полицајците треба да воспостават комуникација со жителите на овој дел на гардот со цел да се воспостави доверба и сигурност вели Стојан.

„Полиција може да видиш само рано сабајле, во 6 и тоа сообраќајна, само два пати ќе се помине и тоа.“

Таквиот однос на институциите на држвата кон животот на жителите на оваа населба со мешан етнички состав предизвикува чувство на незинтересираност во најмала рака комнтираат други жители. Тие забележуваат оти оние што предизвикуваат криминални активности овде треба да бидат идентификувани и фатени, а не како што регира еден жител на Чаир луѓето овде постојано да стравуваат, а да не знаат од кого и зошто да се штитат.

„Граѓаните ништо не знаат, значи треба праведно да се каже, тој е тој, со име и презиме, да се знае кој е што е. Државата треба да ги најде корењата, од каде потекнуваат овие лоши работи.“
XS
SM
MD
LG