Достапни линкови

Политичарите во Србија го актуелизираат повикот за разделба


Под силен меѓународен притисок Србија и Црна Гора се согласија минатата година на заедничка унија и црногорските политичари кои се залагаа за независност ги напуштија своите планови. Но сега, овојпат политичарите на Србија, повторно го актуелизираат повикот за разделба.

Европската Унија инсистира дека само како заедничка држава Србија и Црна Гора можат да се надеваат на влез во Унијата. Меѓутоа приврзаниците на независна Србија тврдат дека заедничката држава едноставно не функционира. Разделбата е неминовна и од неа би имале полза и двете страни. Трите години дадени како период по кој Белград и Подгорица треба да решат дали сакаат да останат заедно е губење време. Обидот да се хармонизираат односите меѓу Србија и Црна Гора кои имаат различен пазар, банки , даноци и царински ситеми е невозможна мисија, смета Млаѓан Динкиќ гувренер на Српската Национална Банка. Лидерот на партијата на Динкиѓ Ге 17 плус Мирољуб Лабус која однеодамна почна да ја протежира идејата за независност вели заедницата на двете држави го забавува приближувањето на Србија кон европската Унија.

„Европската Унија инсистира на два услова кои заедно не можат да бидат исполнети. Тоа е очигледно. Инсистира државната заедницата да го продолжи овој процес кон Унијата и истовремено таа да биде функционални. Бидејѓи не можеме да ја направиме функционална мораме да се запрашаме дали оваа политика е реална или не.“

вели Лабус. Неговата партија покрена кампања за здобивање јавна подршка на нивниот концепт за независна функционална српска држава.

Приврзаниците на независноста доаѓаат и од редовите на помалиоте партии како што е српската демохристијанска партија од која доаѓа министерот за првада Владан батиќ. Но партиите во владеачката коалиција велат Европската Унија нема намера да го менува своето решение Србија и Црна Гора да можат да станат членки само како една држава затоа е подобро времето да се искористи на хармонизацијата на односите

„Мислам дека не смееме да губиме време и оти внимателно треба да ги следиме пораките на администрацијата од Брисел. Не треба да се надеваме дека времето што е пред нас ќе го искористиме да го смениме мислењето на Брисел. Наместо тоа треба да мислиме како да го направиме она што пропуштивме да го направиме во последниве 10 години,“

вели српскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграцијата Чедомир Јовановиќ.

Што се однесува до српската јавност таа се чини поделена. Според последната анкета објавена во белградските медиуми 48 насто од испитаниците се за останување во заедничка држава со Црна Гора, додека 41 насто се за независност.
XS
SM
MD
LG