Достапни линкови

Живее ли Македонија во виртуелна реалност?


Во историјата и во праксата на владеењето отсекогаш биле познати ситуации кога вниманието на јавноста намерно се насочува кон афери, скандали, драми на врвот, или фабрикување на непријателите:

„За да се постигне амортизација на евентуалната негативна енергија и потребите за промени коишто би биле насочени, да речеме, кон вистинските проблеми во општествениот живот“.

вели социолог Антоанела Петковска,

Меѓутоа, се има своја цена и граници на издржливост, па така во Македонија, постојано бомбардирана со нови и нови жешки скандали возбуденоста која се постигнува веќе нема никаква благородна димензија.

„Егзалтацијата којашто ни го крева адреналинот или којашто не умртвува сосема е на ниво на еден порно филм, на една максимална вулгарност во која жшто веќе никој не верува, затоа што нема во што да се верува,“

вели Петковска.

Оттаму граѓаните порачуваат:

„Еве, сега, народот ќе се занимава со Доста Димовска, а ќе заборави на тоа што нема леб“

„Парите што сме ги заработиле да ни ги дадат, а не не интересира што прави врвот“

„Само пасоши бугарски колку имаат земено за да бегаат од тука. Тука нема егзистенција“

„Не знам, Господ да ни е на помош“


Состојбата во која се наоѓа земјава во социологијата е позната како состојба на аномија:

„Нема социјална контрола, системот на вредности е лишен од критериуми, луѓето губат идеја за границата меѓу стварноста и виртуелноста. Тоа не е анархија, тоа не е безвластие во класичната смисла на зборот, туку тоа е апсолутно немање на репер. Се работи за една лага којашто апсолутно не осиромашува духовно и геноцидот не е проблематичен во физичка, туку токму во духовна смисла“.
XS
SM
MD
LG